Прејди на содржината

Metacritic

Од Википедија — слободната енциклопедија
Metacritic
Вид место
рецензии
СопственикCBS Interactive
АдресаMetacritic.com
Место на Алекса2,586
(за септември 2013)[1]
Комерцијалнода
Зачленувањеслободна

Metacritic е мрежно место која дава средна оцена за музички плочи, видео игри, филмови и книги. Оваа страница работи на уникатен принцип. Имено, најпрво собира рецензии од повеќе угледни изданија, а потоа врз основа на нив одредува средна оцена. Потребни се најмалку четири рецензии за да може да се изработи средна оцена.

Оваа страница била основана од Џејсон Диез, Марк Дојл и Џули Дојл-Робертс во 2001 година.[2] Нејзиниот начин на рангирање честопати е споредуван со оној на Rotten Tomatoes, со таа разлика што вторите изработуваат просек само за филмови. Интересно е тоа што во процесот на обработка на податоците, Metacritic ги претвораат оцените во процентни бодови (на пример „A“ носи 100 бода; „B-“ е 67 бода итн). Податоците од Metacritic ги користат неколку поважни публикации, меѓу кои и Википедија.

Табела со вредносни бодови

[уреди | уреди извор]
Опис Видео игри Филмови/ТВ/музика
Општо одобрување 90–100 81–100
Задоволително 75–89 61–80
Средно или просечно 50–74 40–60
Незадоволително 20–49 20–39
Општо неодобрување 0–19 0–19
  1. „Metacritic.com Site Info“. Alexa Internet. Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 2013-09-01.
  2. „Columbia Journalism Review - CJR's guide to what the major media companies own“. Архивирано од изворникот на 2016-04-17. Посетено на 2011-11-28.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]