Последното од Англија (филм)
„Последното од Англија“ (ангиски: The Last of England) — британско-германски филм од 1987 година, во режија на Дерек Џарман (Derek Jarman), кој е автор и на сценариото. Насловот на филмот е преземен од сликата на Форд Мадокс Браун (Ford Madox Brown). Главните улоги ги играат: Тилда Свинтон (Tilda Swinton), Спенсер Ли (Spencer Leigh) и Марк Адли (Mark Adley). На Берлинскиот филмски фестивал, режисерот ја освоил наградата „Teddy“, додека Свинтон ја добила наградата на жирито.[1]
Синопсис
[уреди | уреди извор]Филмот претставува уметнички приказ на ставовите на Џарман во однос на состојбта во Британија за време на владата на Тачер. Според режисерот, во 1980-тите, Британија ја загубила традиционалната англиска култура, а британската држава се претворила во хомофобна и репресивна. Филмот е снимен со камера в рака, а низ него е присутна одредена меланхолија, засилена со извадоци од песни на Т. С. Елиот и Урлик Ален Гинзберг кои монотоно ги чита нараторот Најџел Тери.