Оснабрик (округ)
Оснабрик Landkreis Osnabrück | ||
---|---|---|
округ | ||
Земја | Германија | |
Покраина | Долна Саксонија | |
Седиште | Оснабрик | |
Површина | ||
• Вкупна | 2.122 км2 (819 ми2) | |
Население (31 декември 2022)[1] | ||
• Вкупно | 366.221 | |
• Густина | 170/км2 (450/ми2) | |
Час. појас | CET (UTC+1) | |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | OS, BSB, MEL, WTL | |
Мреж. место | lkos.de |
Оснабрик (германски: Osnabrück) — округ (Landkreis) во југозападниот дел на сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Зафаќа површина од 2.121 км2 и со тоа е втор по големина во покраината.
Округот се граничи со окрузите Емсланд, Клопенбург, Фехта и Дипхолц, покраината Северна Рајна-Вестфалија (окрузите Минден-Либеке, Херфорд, Гитерсло, Варендорф и Штајнфурт) и градот Оснабрик.
Географија
[уреди | уреди извор]Северните две третини од округот лежат во Северногерманската Низина; во насока исток-запад во јужната третина се протегаат венецот Тевтобуршка Шума и Виенските Ридови. Низ него тече реката Хазе од југ кон север. Во источниот дел тече Хунте.
Округот го обиколува безокружниот град Оснабрик. Заедно тие го образуваат Оснабричкиот крај (Osnabrücker Land) кој може да се подели на помалите области Артланд, Гренегау and Витлашки крај.
Текленбуршкиот крај на запад е географско продолжение на Оснабричкиот крај во соседната покраина Северна Рајна-Вестфалија. Честопати се смета за дел од Минстерскиот крај, иако историски му припаѓа на Оснабричкиот.
Историја
[уреди | уреди извор]Округот во денешен облик е основан на 1 јули 1972 година со спојување на дотогашните окрузи Меле, Берзенбрик и Витлаге, како и најголемиот дел од стариот округ Оснабрик. Истата година кон градот Оснабрик се припоени осум општини: Атер, Пи, Хелерн, Нане, Фокструп, Дарум, Гретеш и Листринген. Поранешниот округ Оснабрик веќе бил проширен со природавање на Ибург уште во 1932 година. Со реформата од 1970-тите, бројот на општини значително се намалил.
Денешната здружена територија на градот Оснабрик е речиси истоветна на онаа на некогашното Епископско Кнежевство Оснабрик кое постоело сè до 1802 година кога претрпело медијатизација и било доделено на Изборното Кнежевство Хановер. Од 1807 до 1813 година кнежевството било под француска окупација, а потоа е вратено на Кралството Хановер. По Австриско-пруската војна од 1866 година Кралството Хановер бил припоено кон Прусија. Од 1 ноември 1946 година подрачјето е дел од сојузната покраина Долна Саксонија.
Грб
[уреди | уреди извор]На грбот е претставена Беновата кула (Bennoturm) во Бад Ибург, која служела како тврдина за епископите до 1673 година. Во нејзиното подножје има тркало — симбол на градот Оснабрик.
Религија
[уреди | уреди извор]Овој крај е со мешана вероисповед почнувајќи од протестантската реформација и Вестфалскиот мир, и се состои од лутеранци и католици. Бидејќи католичкиот Оснабрички крај се граничел со лутерански територии, во округот живеат лутеранци од XIX век наваму. Уделот на двете верски групи не е изменет и покрај приливот на Германци истерани од другите земји по 1945 година.
Градови и општини
[уреди | уреди извор]Градови | Слободни општини | Општински заедници | |
---|---|---|---|
|
| ||
1седиште на општинската заедница; 2 град |
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Оснабрик (округ)“ на Ризницата ? |
- Матична страница (германски) (англиски) (холандски) (полски) (руски)
- Именик на општини во Оснабрик од 1910 г. (германски)
|
|