Прејди на содржината

Модерна фамилија (ТВ серија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Модерна фамилија
Жанрmockumentary
ситком
Создадена одКристофер Лојд
Стивен Левитан
УлогиЕд Онил
Софиа Вергара
Џули Боуен
Тај Бурел
Џеси Тајлер Фергусон
Ерик Стоунстрит
Сара Хајленд
Ериел Винтер
Нолан Гулд
Рико Родригес
Обри Андерсон-Емонс
Тематски композиторГабриен Мен
Земја на потекло САД
Првичен јазикАнглиски
Бр. на сезони11
Бр. на епизоди250 (список на епизоди)
Производство
Извршен продуцент(и)Стивен Левитан
Кристофер Лојд
МестоположбаЛос Анџелес, Калифорнија
Времетраење21 - 22 минута
Продукциска куќа„Lloyd-Levitan Productions“ (1-3 сезона)
„Picador Productions“ (4 сезона)
„Steven Levitan Prods.“ (4 сезона)
„20th Century Fox“
Дистрибутер„Disney-ABC Domestic Television“
Прикажување
Првична мрежаABC
Сликов формат480i (SDTV)
720p (HDTV)
Првично прикажувањесептември 23 2009 (2009-09-23) – сè уште
Надворешни врски
Официјално мрежно местоabc.go.com/shows/modern-family

Современо семејство (анг.Modern Family) — американска комедија која го имала своето прво појавување на „ABC“ на 23 септември, 2009 година. Претставени во шегобиен стил, измислените ликови често зборуваат директно во камерата. Станува збор за Џеј Причет, неговата втора сопруга и посинок, и неговите две деца и нивните семејства. Кристофер Лојд и Стивен Левитан ја измислиле приказната додека споделувале приказни за нивните „современи семејства“.[1][2][3]

Серијата била дочекана со позитивни критики и беше следена од 12.600.000 гледачи. Истата била именувана како главен фаворит на 62-то доделување на Еми наградите. Набргу потоа, на 8 октомври 2009 година, било решено да се снима цела сезона од серијата. Серијата доби позитивни критики од критичарите и неколку номинации. Серијата е добитник на Еми награда за Најдобра комедија во последните три години и Еми награда за Најдобра споредна улога во комедија , трипати досега, како и, двапати за Ерик Стоунстрит и еднаш за Тај Барел, како и Најдобра споредна женска улога во комедија ,двапати за Џули Боуен , која исто така, ја освои наградата Златен глобус за најдобра телевизиска серија -мјузикл или комедија.[4][5]

Производство

[уреди | уреди извор]

Како што создавачите Кристофер Лојд и Стивен Левитан ги прераскажувале приказните за нивните семејства, им текнало дека приказните може да бидат основа за шоу. Тие започнале да работат на идеја за серија за семејство надбљудувано во исмејувачки стил. Подоцна одлучиле дека треба да биде приказна за три семејства и нивните искуства; првобитно серијата била наречена “Моe американско семејство”.

Преземање

[уреди | уреди извор]

Серијата брзо и станала приоритет на “Американската медиумска компанија” ("ABC"). Пробната епизода дала високи резултати, што резултирало со нарачување на 16 епизоди од страна на мрежата .На серијата и беше дадена целосна пикап сезона на 8 октомври 2009 година. На 12 јануари 2010 година претседателот на “ABC” Стивен Мекферсон најави дека Современо семејство ќе снима и втора сезона. А третата сезона била нарачана од страна на "ABC", на 10 јануари 2011 година. Серијата била гледана од страна на американците за време на првата сезона за 1.500.000 $ . За време на втората сезона се приклучиле десет афилијали на “Fox” . Серијата се емитува во Велика Британија и Република Ирска на “Sky1”.

Главното снимање се одвива во Лос Анџелес. Лојд и Левитан , во чиишто акредитации се вклучени и "Frasier", "Wings", "Just Shoot Me", се извршни продуценти на серијата, кои се и главните писатели во нивната Лојд-Левитан продукција . Другите писатели во екипата се Пол Кориген, Самир Гадези, Џо Лосон, Дан O'Шенон, Бред Волш, Каролин Вилијамс, Бил Врубел, Дани Зукер, и Џеф Мортон. Првиот тим на директори ги вклучуваат и Џејсон Винер, Мајкл Спилер, Рандал Ајнхорн, и Крис Кох. Винер е режисер на деветнаесет епизоди од серијата, што го прави еден од најпрофитабилните режисери на серијата.

Судски рочишта

[уреди | уреди извор]

Како резултат на успехот на серијата, глумците се обиделе повторно да ги преговараат нивните договори во текот на летото на 2012 година за да добиваат повисока сума на пари по епизода. Сепак, разговорите беа влошени до тој степен што снимањето на четвртата сезона мораше да биде одложено. Пет од членовите (Тај Барел, Џули Боуен, Џеси Тајлер Фергусон, Ерик Стоунстрит и Софија Вергара) ја ангажираа правната фирма Квин -Емануел и ја тужеа “20th Century Fox “во Лос Анџелес на Врховниот суд на 24 јули 2012 година. Иако не бил дел од тужбата, Ед О'Нил се приклучил кон неговите колеги во барањето за поголема плата, за секого околу 200.000 $ по епизода. О'Нил заработувал поголема сума на пари по епизода за разлика од останатите . Тужбата се повикува на "седум-годишно правило" во калифорнискиот Закон за труд ,Секција 2855 (Де Хавиљанд Законот), а тоа бара потврда дека нивните договори биле неважечки, бидејќи го прекршувале тоа правило.

Глумечка екипа и ликови

[уреди | уреди извор]

Серијата се врти околу три семејства кои се меѓусебно поврзани преку Џеј Причет и неговите деца, Клер и Мичел. Џеј Причет (Ед О'Нил), патријарх, е во брак со многу помлада жена, Глорија (Софија Вергара) - емотивна мајка, која сама го воспитува нејзиниот син, Мани (Рико Родригес). Клер (Џули Боуен) е домаќинка која е во брак со Фил (Тај Барел), агент за недвижности, кој самиот си се нарекува "кул татко". Тие имаат три деца: Хејли (Сара Хиланд) - стереотипната тинејџерка, Алекс (Ариел Винтер) - паметното средно дете и Лук (Нолан Гулд) - единствениот син; Мичел (Џеси Тајлер Фергусон) - адвокат и неговиот партнер Камерон (Ерик Стоунстрит) кои имаат посвоено бебе од Виетнам, Лили (Обри Андерсон-Емонс). Во првата сезона, возрасните биле исплатени со сума од околу $ 30.000 до 90.000 $ по епизода.

Серијата, исто така имаше неколку периодични карактери. Рид Јуинг, кој го глуми Дилан, се појавува во неколку епизоди како дечко на Хејли. Фред Вилард исто така гостува во серијата како татко на Фил - Френк Данфи, и беше номиниран за Најдобар глумец - гостин во комедија 62-то доделување Еми наградите, но загуби. Шели Лонг се појавува во првите две сезони како биолошка мајка на Клер и Мичел и поранешна сопруга на Џеј - Диди Причет. Нејтан Лејн се појавува двапати со текот на втората сезона, како надмениот пријател на Камерон и Мичел, Пепер Салцман.

Серијата имаше премиера на 23 септември 2009 во 21:00 часот. Серијата беше избрана за цела сезона од 24 епизоди на 8 октомври 2009 година. На 12 јануари 2010 година, Современо семејство била обновена за втора сезона . Втората сезона премиерно беше емитувана на 22 септември 2010 година. Некаде на половина од втората сезона беше најавена и трета сезона, на 10 јануари 2011 година. Третата сезона премиерно беше емитувана на 21 септември 2011 година . На 10 мај 2012 година, е најавена и четврта сезона од серијата, премиерно емитувана на 26 септември 2012 година.

Првата сезона беше пречекана со генерално добри критики. Добивајќи 86 бодови, од вкупно 100. “Entertainment Weekly” и даде 5-, нарекувајќи ја "веднаш препознатлива како најдобра нова есенска серија ". Во критиката на ”Times “, шоуто беше наречено "најсмешната нова семејна комедија на годината ". Таа исто така е споредувана со серијата од 1970 година Soap , во однос на повеќекратните семејни аспекти. Некои ја споредуваа со “The Office” и “Parks and Recreation”, поради нивната исмејувачка содржина. “BuddyTV” ја нарече втората најдобра серија во 2009, велејќи: "Секој глумец е фантастичен, секое семејство е интересно, и за разлика од многу други серии, не постои слаба алка ". Роберт Кенинг од “IGN” даде оцена 8,9 велејќи дека е" Одлично" и ја нарече" Едноставно кажано, Современо семејство е една од најдобрите нови комедии на сезоната.

Втората сезона доби позитивни критики , слично на првата сезона. Роберт Бјанко од “USA today” на новата сезона и даде четири ѕвезди од четири. Роберт Бјанко во подоцна изјави" Колку и да бече добра првата сезона, втората е уште подобра " позитивно споредувајќи ги ликовите со иние од “Mary Tyler Moore Show”, “The Cosby Show and Friends”. Во текот на втората сезона, “Adweek” ја именуваше серијата како една од 100 највлијателни ТВ програми . И покрај ова, сезоната доби негативни критики од некои критичари . Ерик Стоунстрит, кој доби пофалби за време на првата сезона, беше критикуван за време на втората сезона за пренагласена глума. Алан Сепинвол го нарече Камерон Такер " кенкава, премногу чувствителна дива ". Од друга страна, Тај Барел доби пофалби за неговиот настап како Фил Данфи во двете сезони.

Третата сезона беше пречекана со различни мислења. Критичарот од “Slant Magazine” ,Питер Свонсен напиша дека додека првата епизода е "трик што обично се чува за петта или шеста сезона на серија која пропаѓа ", следните епизоди "беа подобри, но тие повторно се нерамномерно распоредени". Тој исто така ги критикуваше писателите затоашто се потпираат премногу на" трик епизоди и познати личности, како Дејвид Крос ". Тој на крајот и даде на сезоната 3 од 4 ѕвезди. Џејмс Паркер од “The Atlantic” , рече дека почетокот на третата сезона била " речиси безмилосно смешна " . Тој ова го сметал за исклучок, со оглед на неговата одбивност кон серии.

Анализи и коментари

[уреди | уреди извор]
Екипата на Модерна Фамилија на 69-то доделување на наградите златен глобус во јануари 2012

Во “New York Times”, БрусФилер привлече внимание на тоа како шоуто го отсликува зголемувањето на начинот на кој комуникациската технологија го обликува начинот на кој луѓето ги гледаат другите, дури и членовите на семејството. Сигурно е првата семејна комедија, која вклучува истовремени самоанализи директно во приказната", пишува тој. "Марк Цукерберг може да биде поголемо влијание врз “Modern Family” од Норман Лир".

Автори на серијата и глумците се согласуваат. "Зборувавме за тоа како мобилните телефони ги уништија сериите, бидејќи никој повеќе не оди на гости ", Авраам Хигинботам му рекол на Фејлер. "Ја прифаќаме технологијата, па затоа е и дел од приказната." Тај Барел е навлечен на теоријата на Фран Лебовиц , дека не постои друга институција освен медиумите.

Критики и контроверзии

[уреди | уреди извор]

“Modern Family” привлече критики од страна на многу здруженија поради претставувањето на Камерон и Мичел како физички ненаклонети едни со други. Критиката предизвика кампања на “Facebook” во која се бара да им биде дозволено на Мичел и Камерон да се бакнуваат. Како контоверзен одговор , продуцентите објавија соопштение дека во втората сезона епизода ќе има епизода во која ќе се зборува за непријатноста на Мичел за јавно искажување на емоции. Извршниот продуцент Левитан изјави дека е жално што се појавило ова прашање, бидејќи писателите на шоуто отсекогаш планирале таква сцена ", како дел од природниот развој на шоуто." Во епизодата "Бакнеж" на крајот се емитува сцена во позадина со бакнување која привлече пофалби од повеќе критичари.

Во текот на третата сезона, колумнист од “New York Times” Френк Бруни тврдеше дека геј критиките врз Камерон и Мичел всушност покажуваат напредок на хомосексуалците кон општествената прифатеност. Современо семејство ни дава еден чуден вид на напредок. Друга забележлива критика на “Modern Family” е дека шоуто ги зајакнува улоги на родот и сексистичките стереотипи. Мишел Хајмоф од “Christian Science Monitor” ја критикуваше серијата за тоа како жените во серијата се домаќинки, додека мажите во серијата имаат многу успешна кариера: "Постои разлика меѓу чудни, карактери полни со недостатоци и оние кои се неспособни за професионален успех. И кога второспоменатите се од женски род , се добива сексистичка телевизија, што е исто така многу нереално". Писателката Али Волер ги праша нејзините Твитер следбеници:" Ако “Modern Family” е толку "модерна" тогаш зошто жените немаат работни места? "Други автори ги зајакнуваат овие критики укажувајќи дека мајките- домаќинки повеќе не се типични за денешното општество. Според Министерството за труд, 68,9 % од мајките кои се во брак работат или бараат работа.

Еден вработен во „CNET” исто така коментира за една епизода:

Сопругата и ќерката не се во можност да научат како да го користат далечинскиот управувач и треба таткото да ги научи, а синот е добар со електроника, иако се смета за најглупавиот член на семејството"

Во една епизода Глорија ја крие нејзината вештина во шах, за да не се вознемири сопругот откако ќе изгуби.

Спротивно на тоа, Хана Росин ја пофали серијата за тоа дека е една од ретките која почнала да го поткопува долгогодишниот американски стереотип за тромави татковци неспособни за управување со ништо дома и покрај тоа што се единствените вработени.

  1. Susman, Gary (2013-05-12). „Modern Family | Discomfort Zone: 10 Great Cringe Comedies“. Time (англиски). ISSN 0040-781X. Посетено на 2024-01-25.
  2. Ausiello, Michael (2019-02-05). „Modern Family Renewed for 11th and (Yes) Final Season at ABC“. TVLine (англиски). Посетено на 2024-01-25.
  3. Thorne, Will (2019-07-02). „ABC Sets Fall Premiere Dates for 'Black-ish,' 'Modern Family' Final Season“. Variety (англиски). Посетено на 2024-01-25.
  4. Porter, Rick (2020-04-09). „TV Ratings: 'Modern Family' Series Finale Hits 3-Year Viewer High“. The Hollywood Reporter (англиски). Посетено на 2024-01-25.
  5. Pomerantz, Dorothy. „TV's Biggest Moneymakers“. Forbes (англиски). Посетено на 2024-01-25.