Мал Лав (соѕвездие)
лат. Leo Minor | |
Кратенка | LMi |
---|---|
Генитивно | Leonis Minoris |
Симболизам | помал Лав |
Ректасцензија | 9ч 22,4м до 11ч 06,5м ч. |
Деклинација | 22,84° до 41,43°[1]° |
Квадрант | NQ2 |
Површина | 232 (°)² (64-то) |
Главни ѕвезди | 3 |
Бајерови/Флемстидови ѕвезди | 34 |
Ѕвезди со планети | 3 |
Ѕвезди посјајни од 3,00m | 0 |
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг) | 0 |
Најсјајна ѕвезда | 46 LMi (Прејкипија) (3,83m) |
Најблиска ѕвезда | 11 LMi (36,46 сг, 11,18 пс) |
Месјеови објекти | 0 |
Метеорски дождови | Леонис Минориди |
Соседни соѕвездија | Голема Мечка Рис Рак Лав |
Видливо на ширина од +90° до −45°. Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец април. |
Мал Лав — е мало слабосјајно соѕвездие на северната полутопка. Името потекнува од латинскиот збор leo minor што во превод значи „мал лав“, во споредба со Лав, т.е поголемиот лав. Се наоѓа меѓу поголемата и препознатлива Голема Мечка на север и од соѕвездието Лав на југ. Мал Лав не се сметало за посебно соѕвездие од страна ан класичните астрономи, истото било осмислено од Јохан Хевелиј во 1687 година.[2]
Ова соѕвездие поседува 37 ѕвезди посјајни од светлинска величина 6,5 од кои три се посјајни од светлинска величина 4,5. 46 Мал Лав, портокалов џин со светлинска величина 3,8, и на растојание од 95 сг. од Земјата. Со светлинска величина 4,4, Бета Мал Лав е втората најсјана ѕвезда единствената во соѕвездието со Бајерова ознака. Станува збор за двојна ѕвезда, посјајната ѕвезда е портокалов џин а потемната е жолтобела ѕвезда од главната низа. Третата по сјајност ѕвезда е The third brightest star is 21 Мал Лав, брзовртежна бела ѕвезда од главната низа со светлинска величина 4,5. Во соѕвездието се забележани и две ѕвезди кои поседуваат планетарни системи, два пара на заемноделувачки галаксии, и единствениот далечен Ханиев објект.
History
[уреди | уреди извор]Класичните астрономи Арат и Птоломеј забележале дека областа која денес е Мал Лав дека е недефинирана и не содржи препознатливи шеми, Птоломеј ги класифицирал ѕвездите во оваа област како amorphōtoi (не припаѓаат на границите на соѕвездието) во соѕвездието Лав.[3]
Јохан Хевелиј првпат го претставил Мал Лав во 1687 година кога ги исцртал 10-те нови соѕвездија во неговиот ѕвезден атлас Firmamentum Sobiescianum,[4] и вклучил 18 објекти во придружниот Catalogus Stellarum Fixarum.[5] Хевелиј се одлучил за името Мал Лав како опис кои ќе ги поврзе неговите соседи ѕверки лавот и големата мечка.[6] Во 1845, англискиот астроном Францис Бејли го преработил каталогот на нови соѕвездија на Хевелиј, и придодал грчки букви познати како Бајерови ознаки на ѕвездите кои се со светлинска величина поголема од 4,5.[7] Ричард Проктор соѕвездието го нарекол Leaena „Лавица“ во 1870 година,[3] со објаснување дека сакал да ги скуси имињата на соѕвездијата за да бидат плесни за употреба на ѕвездените карти.[8]
Германскиот астроном Христијан Лудвиг Иделер посочил дека ѕвездите на Мал Лав се именувани како Al Thibā' wa-Aulāduhā „Газела со своето младо“ на арапски небесен глобус од XIII век, поседуван од кардиналот Стефано Борџија и бил во епископскиот музеј во Велетри.[9][10] Арабистот Фридрих Вилем Лах дава поинаков поглед, забележувајќи дека истите ѕвезди биле наречени Al Haud „Бара“, во која сконува газелата.[3] Во кинеската астрономија, ѕвездите, 30, 37 и 46 Мал Лав го сочинувале Нејпинг, „Дворот на судијата или Медијаторот“, или Ше „Дворот на евнусите“ [11]или пак биле искомбинирани со ѕвездите од соседното соѕвездие Лав за да го создадат големиот небесен змеј или државната кочија.[3][12] Линија од четири ѕвезди била позната под името Шаовеј, и ги претставува четирите царски советници и можно е да биле во Мал Лав, Лав или придружните области.[11]
Особености
[уреди | уреди извор]Темна област на небото со триаголник од посјајни ѕвезди кои се едвај видливи со голо око при добри ноќи,[13] Мал Лав како соѕвездие е опишано од страна на Патрик Мур as having „спорни тврдења за посебен идентитет“.[14] Станува збор за мало соѕвездие кое се граничи со Голема Мечка на север, Рис на запад, Лав на југ, и допира дел од Рак на југоисток. Кратенката од три букви 'LMi' за соѕвездието е прифатена од Меѓународниот астрономски сојуз во 1922 година.[15] Официјалните граници на соѕвездието се исцртани од Ежен Делпорт во 1930 година, и претставуваат многуаголник со 16 страни. Во екваторскиот координатен систем, координатите на ректасцензијата се меѓу 9ч 22,4м и 11ч 06,5м,додека пак координатите на деклинацијата се меѓу 22,84° и 41,43°.[1] По површина соѕвездието е на 64-то место од 88-те современи соѕвездија, и истата изнесува 232 квадратни степени, или 0,562% на наебото.[16] Кулминацијата се случува на секој полноќ на 24 февруари,[13] и во 21.00 часот на 24 мај.[17]
Забележителности
[уреди | уреди извор]Ѕвезди
[уреди | уреди извор]Во ова соѕвездие има само три ѕвезди кои се посјајни од светлинска величина 4,5,[6] и 37 ѕвезди со светлинска величина поголема од 6,5.[16] Мал Лав нема ѕвезда означена Алфа бидејќи Бејли погрешил и именувал само една ѕвезда со грчка буква, бета.[2] Не е познато дали размислувал да ѝ даде Бајерова ознака на 46 Мал Лав, бидејќи ги препознал Бета и 46 Мал Лав со соодветната светлинска величина. Починал пред да ги прегледа доказите, со што може да се објасни ова предвидување.[6]
Со светлинска величина 3,8 најсјајната ѕвезда во Мал Лав е портокалов џин со спектрален тип K0III именувана како 46 Мал Лав или Прејкипија,[18] неговата боја е очигледна кога се набљудува со двоглед.[14] На растојание од 95 сг. од Земјата,[2] и има 32 пати поголема сјајност и маса 8,5 пати поголема од онаа на Сонцето.[19] Истата била каталогизирана како o Мал Лав од страна на Јохан Елерт Боде, која често била погрешно нарекувана Омикрон Мал Лав.[6] Повеќе забуна се случувало со името Praecipua, кое првично се користело за името 37 Мал Лав во каталогот Palermo Catalogue од 1814 година од страна на Џузепе Пјаци, кој по грешка ја претставил 37 Мал Лав како посјајна ѕвезда. Ова име подоцна било поврзано од страна на Ален со грешката кај 46 Мал Лав која се пренесувала и кај следните астрономи.[11] Оригиналната „Прејкипија“, 37 Мал Лав, има светлинска величина 4,69,[20] но станува збор за далечен жолт суперџин со спектрален тип G2.5IIa со апсолутна светлинска величина -1,84,[21] на растојание од околу 578 сг. од Земјата.[20]
Бета Мал Лав е двоен ѕвезден систем. Првичната ѕвезда е џиновска ѕвезда од спектрална класа G8 и светлинска величина 4,4. Има двојна поголема маса, полупречник 7,8 пати поголем и има сјајност поголема 36 пати од онаа на Сонцето. На растојание од 11 лачни секунди од првичната, втората ѕвезда е жолтобела ѕвезда од главната низа со спектрален тип F8. И орбиталниот период изнесува 38,62 години,[22] и на растојание од 154 сг. од Сонцето.[23]
Околу 98 сг. од Земјата и со сјајност 10 пати поголема од Сонцето, 21 Мал Лав е брзовртежна бела ѕвезда од главната низа, која се врти околу својата оска за 12 часа и најверојатно има изразито сплескан облик.[24] Со просечна светлинска величина 4,5 и спектрален тип A7V, и е Делта Штит променлива.[25] Станува збор за краткопериодични променливи ѕвезди кои се користат како стандардни свеќи за определување на растојанијата и се дел од науката наречена астеросеизмологија.[26]
Познати и како SU и SV Мал Лав, 10 и 11 Мал Лав се жолти џинови со спектрален тип G8III, со светлинска величини 4,54 и 5,34. Двете се RS Ловечки Кучиња променливи,[28][29] при што 10 Мал Лав со промена од 0,012 во период од 40,4 денови, и 11 Мал Лав со промена 0,033 во период од 18 денови.[30] 11 Мал Лав има придружник црвено џуџе со спектрален тип M5V и светлинска величина 13.[31] 20 Мал Лав е многукратен ѕвезден систем на растојание од 49 сг. од Земјата. Главната ѕвезда е уште една жолта ѕвезда, овој пат со спектрална класа G со спектрален тип G3Va и светлинска величина 5,4.[32] Придружникот е старо активно црвено џуџе кое има релативно висока металичност и е со спектрален тип M6,5. Фактот дека втората ѕвезда е посјајна од очекуваните вредности и најверојатно станува збор за две ѕвезди кои се близу една до друга кои не можат да се видат одделно со моменталната технологија.[33]
R и S Мал Лав се долгопериодични Мириди, додека U Мал Лав е полупроменлива ѕвезда,[34] овие три ѕвезди се црвени џинови со спектрални типови of M6,5e-M9e,[35] M5e [36] и M6.[37] R има промена на светлинската величина меѓу 6,3 и 13,2 за период од 372 денови, S има промена на светлинската величина меѓу 8,6 или 13,9 за временски период од 234 денови, и U има промена на светлинската величина меѓу 10 и 13,3 за временски период од 272 денови. Недостигот на сјајни ѕвезди го отежнува забележувањето на овие објекти со што истите се предизвик за аматерите астрономи.[34] G 117-B15A, позната и како RY Мал Лав, е пулсирачко бело џуџе со светлинска величина 15,5.[38] Со пулсирачки период од 215 секунди, и губи по една секунда на секои 8,9 милиони години, ѕвездата стара 400 милиони година се смета за најстабилниот небесен часовник.[39]
SX Мал Лав е џуџеста нова од типот SU Голема Мечка која била забележана во 1994 година.[40] Системот се состои од бело џуџе и ѕвезда дарител, со орбитален период од 97 минути. Белото џуџе впива материја од другата ѕвезда во болик на забрзувачки диск и се згрева на температура од 6.000 до 10.000 К. Белото џуџе еруптира на секои 34 до 64 денови со светлинска величина 13,4 за време на изблиците и со светлинска величина 16,8 кога е во мирување.[41] Мал Лав содржи и уште една џуџеста нова, RZ Мал Лав, која има светлинска величина 14,2 при изблици и светлинска величина 17 кога е во мирување, но во покуси периоди од останатите нови.[42]
Во ова соѕвездие постојат две ѕвезди со планетарни системи. HD 87883 е портокалово џуџе со светлинска величина 7,57 со спектрален тип K0V и нарастојание од 59 сг. од Земјата. Со пречмик 0,75 пати од оној на Сонцето, и е само со сјајност 0,31 од онаа на Сонцето. Околу истата орбитира планета со маса 1,78 пати од онаа на Јупитер со орбитален период од 7,9 години, а постои и можност да поседува помали планети.[43] HD 82886 е жолто џуџе со спектрален тип G0 и светлинска величина 7,63.[44] Планета со маса 1,3 пати поголема од Јушитер со орбитален период од 705 денови и истата беше откриена во 2011 година.[45]
Далечни објекти
[уреди | уреди извор]Како далечни објекти соѕвездието Мал лав содржи многу галаксии кои можат да се забележат со аматерски телескопи.[46] Сместена на 3 степени југоисточно од 38 Мал Лав, NGC 3432 се гледа скоро целосно по работ. Позната како Плетечка Игла, и со светлинска величина 11,7 и има површина од 6,8 на 1,4 лачни минути.[13] На растојание од 42 милиони сг. од Сонцето се оддалечува со брзина 616 км/с. Во 2000 година, ѕвезда во галаксијата засветела со светлинак величина 17,4 и се утврдило дека станува збор за сјајна сина променлива и лажна супернова.[47] NGC 3003, е SBbc пречкаста спирална галаксија со светлинска величина 12,3 и аголна големина од 5,8 лачни минути, станува збор за скора рабна галаксија.[48] NGC 3344, на растојание од 25 милиони сг. и е свртена кон Земјата.[49] Со површина од 7,1 на 6,5 лачни минути и светлинска величина 10,45.[50] NGC 3504 е ѕвездородна пречкеста спирална галаксија со светлинска величина 11,67 и со површина од 2,1 на 2,7 лачни минути.[51] Соѕвездието има и супернови кои се случиле во 1998 година[52] и 2001 година.[53] Таа и спиралната галаксија NGC 3486 се исто така свртени кон Земјата, NGC 3486 е сос светлинска величина 11,05 и има површина од 7,1 на 5,2 лачни минути.[54] NGC 2859 е SB0 леќеста галаксија.[55]
Набљудувани се два пара на заемоделувачки галаксии. Arp 107 е пар на галаксии кои се во процес на спојување на растојание од 450 милиони сг. од Земјата.[56] NGC 3395 и NGC 3396 се спирална и неправилна пречкеста спирална галаксија кои си заемодејствуваат, на 1,33 степени југозападно од 46 Мал Лав.[57]
Единствениот далечен објект познат како Ханиев објект бил откриен од Мал Лав во 2007 година од страна на холандската наставничка Хани ван Аркел која учествувала како доброволец во проектот Галактичка градина. Овој објект се наоѓа на растојание 650 милиони сг. од Земјата во близина на далечната спирална галаксија IC 2497, со големина слична на Млечниот Пат.[58] Истата содржи дупка со пречник од 16.000 сг.[59] За овој објект се смеета дека е видливот дел од светлинското ехо од квазар кој сега е неактивен,[60] најверојатно престанал да биде активен пред 200.000 години.[58]
Метеорски дождови
[уреди | уреди извор]Откриени од Дик Маклоски и Анет Позен од Харвардската метеорска програма во 1959 година,[61] метеорскиот дожд Леонис Минориди го достигнува својот максимум меѓу 18 и 29 октомври. Дождот потекнува од долгопериодичната комета C/1739 K1 (Заноти).[62] Станува збор за мал дожд, и може да се забележи само од северната полутопка.[63]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 IAU, The Constellations, Leo Minor.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Ridpath & Tirion 2001, стр. 168–69.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Allen 1963, стр. 263.
- ↑ Ridpath, Star Tales Filling the remaining gaps.
- ↑ Hevelius 1687, стр. 214–15.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 Wagman 2003, стр. 189–90.
- ↑ Wagman 2003, стр. 8.
- ↑ Proctor 1870, стр. 16–17.
- ↑ Allen 1963, стр. 42.
- ↑ See also Mark R. Chartrand III (1983) Skyguide: A Field Guide for Amateur Astronomers, p. 158 (ISBN 0-307-13667-1).
- ↑ 11,0 11,1 11,2 Ridpath, Star Tales Leo Minor.
- ↑ See also Chartrand, at p. 158.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 Thompson & Thompson 2007, стр. 290.
- ↑ 14,0 14,1 Moore 2000, стр. 103.
- ↑ Russell 1922, стр. 469.
- ↑ 16,0 16,1 Ridpath, Star Tales Constellations – part two.
- ↑ The Constellations : Part 2 Culmination Times.
- ↑ SIMBAD 46 Leonis Minoris.
- ↑ Kaler, Praecipua.
- ↑ 20,0 20,1 SIMBAD 37 Leonis Minoris.
- ↑ Kovtyukh et al. 2010.
- ↑ Kaler, Beta Leonis Minoris.
- ↑ SIMBAD Beta Leonis Minoris.
- ↑ Kaler, 21 Leonis Minoris.
- ↑ SIMBAD 21 Leonis Minoris.
- ↑ Delta Scuti and the Delta Scuti variables.
- ↑ Ridpath, Urania’s Mirror.
- ↑ SIMBAD 10 Leonis Minoris.
- ↑ SIMBAD 11 Leonis Minoris.
- ↑ Skiff & Lockwood 1986.
- ↑ SIMBAD GJ 356 B.
- ↑ SIMBAD 20 Leonis Minoris.
- ↑ Gizis et al. 2000.
- ↑ 34,0 34,1 Levy 2005, стр. 186–87.
- ↑ SIMBAD R Leonis Minoris.
- ↑ SIMBAD S Leonis Minoris.
- ↑ SIMBAD U Leonis Minoris.
- ↑ SIMBAD RY Leonis Minoris.
- ↑ McDonald Observatory.
- ↑ Nogami et al. 1997.
- ↑ Wagner et al. 1998.
- ↑ Robertson et al. 1995.
- ↑ Fischer et al. 2009.
- ↑ SIMBAD HD 82886.
- ↑ Planet HD 82886 b.
- ↑ Knoxville Observers – Leo Minor.
- ↑ O'Meara 2011, стр. 196.
- ↑ NED NGC 3003.
- ↑ galaxy in a spin.
- ↑ NED NGC 3344.
- ↑ NED NGC 3504.
- ↑ Matheson et al. 2001.
- ↑ NED NGC 3486.
- ↑ NED NGC 2859.
- ↑ Spitzer Arp 107.
- ↑ Motz & Nathanson 1991, стр. 180.
- ↑ 58,0 58,1 Hubble Zooms in on a Space Oddity.
- ↑ Radio observations shed new light on Hanny's Voorwerp.
- ↑ Rincon 2008.
- ↑ Jenniskens 2006, стр. 83–84.
- ↑ Jenniskens 2012.
- ↑ IMO Meteor Shower Calendar 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Мал Лав (соѕвездие)“ на Ризницата ? |
|
|