Логи (месечина)
Изглед
Откривање | |
---|---|
Откриено | 2006 |
Ознаки | |
Наречена по | Логи |
S/2006 S 5 | |
Орбитални особености [1] | |
23.065.000 км | |
Занесеност | 0,187 |
−1312,0 дена | |
Наклон | 167,9° |
Месечина на | Сатурн |
Физички особености | |
Среден пречник | 5+50 30 км[2] |
6,9 ± ,1? h[2] | |
24,6 | |
Логи или Сатурн XLVI – месечина на Сатурн. Нејзиното откритие било објавено од страна на Скот Шепард, Дејвид Џуит, Јан Клена и Брајан Марсден на 26 јуни 2006 година, од набљудувањата направени помеѓу јануари и април 2006 година.
Пречникот на Логи е околу 6 километри и кружи околу Сатурн на просечно растојание од 23.142,0 Мм за 1.314,364 дена, со наклон од 166,5 ° кон еклиптиката (165,3 ° кон екваторот на Сатурн), во повратна насока и со ексцентричност од 0,1390. Има вртежен период од околу 6,9 ± 0,1 часа.[2]
Името го добил во април 2007 година, по Логи, огнен џин од нордиската митологија.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ S.S. Sheppard (2019), Moons of Saturn, Carnegie Science, on line
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Denk, T.; Mottola, S. (2019). Cassini Observations of Saturn's Irregular Moons (PDF). 50th Lunar and Planetary Science Conference. Lunar and Planetary Institute.
- Institute for Astronomy Saturn Satellite Data
- IAUC 8727: Satellites of Saturn[мртва врска] June 30, 2006 (discovery)
- MPEC 2006-M45: Eight New Satellites of Saturn June 26, 2006 (discovery and ephemeris)
- IAUC 8826: Satellites of Jupiter and Saturn[мртва врска] April 5, 2007 (naming the moon)
|