Прејди на содржината

Лангенхорн (Хамбург)

Координати: 53°39′0″N 10°0′0″E / 53.65000° СГШ; 10.00000° ИГД / 53.65000; 10.00000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лангенхорн
Кварт во Хамбург
Грб на Лангенхорн
Лангенхорн во рамките на Германија
Лангенхорн
Управа
Земја Германија
Покраина Хамбург
Град Хамбург
Реон Хамбург-Норд
Основни податоци
Површина 14 км2
Население {{{Einwohner or  population}}}
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. HH
Повик. бр. 040
Местоположба на Лангенхорн во Хамбург
Карта
Карта
Координати 53°39′0″N 10°0′0″E / 53.65000° СГШ; 10.00000° ИГД / 53.65000; 10.00000

Лангенхорн е кварт во округот Хамбург-Норд на Хамбург, Германија.

Историја

[уреди | уреди извор]

На 25 јануари 1332, Лангенхорн бил продаден на Хамбург од грофот на Холштајн.[1] Оттогаш, Лангенхорн бил дел од Хамбург.

Подкамп на концентрациониот камп Нојенгаме постоел во Лангенхорн од 12 септември 1944 до 4 април 1945.[2]

Географија

[уреди | уреди извор]

Во 2006, според статистичкото биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн, квартот Лангенхорн имал вкупна површина од 13,8 км2. На север и запад е покраината Шлезвиг-Холштајн. На исток е квартот Хумелсбител, во округот Вандсбек и на југ е квартот Фулсбител.

Демографија

[уреди | уреди извор]

Во 2006, населението на квартот Лангенхорн било 40.425. Густината на населеност била 2,939 inhabitants per square kilometre (7,612/sq mi). 18,1% биле деца под 18 години, а 20,1% имале 65 или повеќе години. 11,8% биле имигранти. 1.975 биле регистрирани како невработени.[3] Во 1999, имало 20.546 домаќинства и 43,8% од сите домаќинства биле сочинети само од еден член.[4]

Образование

[уреди | уреди извор]

Постојат 6 основни и 5 средни училишта во квартот Лангенхорн.[5]

Инфраструктура

[уреди | уреди извор]
Шопинг-место во центарот на Лангенхорн.
Главен влез на болничкиот дел Хајдберг

Основан во 1832, почесниот конзулат на Кралството Белгија се наоѓа во улицата Langenhorner Markt 9.[6]

Здравствен систем

[уреди | уреди извор]

Alskelpios Klinik Nord има вкупно 1.331 кревет и 143 места во дневните центри во 13 департмани. Поделена е на деловите Ochsenzoll и Heidberg, порано двете независни јавни болници. Двете се општи болници и универзитетски болници на универзитетот во Хамбург и имаат капацитет за примање на итни случаи. Делот Оксенцол, Лангенхорнер Хаусе 560, е специјализирано во психијатриски проблеми и геријатриски болести. Делот Хајдберг, Тангштетер Ландштрасе 400, делумно се наоѓа во поранешните СС бараки, има оддели за офталмологија, уши, нос и грло и гинекологија.[7]

Има 22 дневни центри за деца, 57 лекари во приватни ординации и 11 аптеки.[5]

Сообраќај

[уреди | уреди извор]

Лангенхорн е поврзан со железничкиот систем на подземната железница со неколку станици. Според секторо на моторни возила (Kraftfahrt-Bundesamt), биле регистрирани 16.274 приватни возила (403 возила/1000 луѓе) во квартот Лангенхорн .[5]

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]

Хелмут Шмит, поранешен канцелар на Германија, живее во Лангенхорн.

  1. Приватен архив Лангенхорн (германски)
  2. Кампот е набројан како 559 Хамбург-Лангенхорн во службениот германски список Архивирано на 23 април 2009 г. (германски)
  3. Служба за пријавување на граѓаните, Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  4. Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (1999)
  5. 5,0 5,1 5,2 Извор: Статистичко биро на Хамбург и Шлезвиг-Холштајн (2006)
  6. Список на конзуларни претставништа, трговски мисии, културни институции и меѓународни институции во Слободниот и ханзеатски град Хамбург, Сенат на слободниот и ханзеатски град Хамбург, (април 2008)
  7. Болници во Хамбург, страници 8

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]