Прејди на содржината

Градината на Финци-Контини (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Доминик Санда во Градината на Финци-Контини (1970) од Виторио Боничели
Доминик Санда во Градината на Финци-Контини (1970) од Виторио Боничели

„Градината на Финци-Контини“ (ит. Il Giardino dei Finzi-Contini) е италјански филм од 1970 година во режија на Виторио де Сика (ит. Vittorio De Sica). Автор на сценариото �� Виторио Боничели (ит. Vittorio Bonicelli) според истоимениот роман на Џорџо Басани (ит. Giorgio Bassani). Улогите ги играат: Лино Каполикио (ит. Lino Capolicchio), Доминик Санда (ит. Dominique Sanda), Фабио Тести (ит. Fabio Testi), Ромоло Вали (ит. Romolo Valli), Хелмут Бергер (ит. Helmut Berger) и др. Филмот е награден со „Златна мечка“ на Берлинскиот фестивал во 1971 г. и со „Оскар“ за најдобар странски филм во 1972 г.

Приказната за богатата еврејска фамилија Финци – Контини е раскажана во прво лице од Џорџо, претставник на средната еврејска буржоазија во Ферара и заљубен во Микол Финци – Контини. Дејството е преземено од истоимениот роман на Џорџо Басани и темелно ја обработува атмосферата на пасивност и нихилизам што ја зафаќа италијанската еврејска буржоазија која е длабоко поврзана со либералните идеали на пред-фашистичка Италија и едноставно не верува дека навистина може да биде гонета во сопствената земја поради различни религиски убедувања. Драматичниот епилог на депортација на Микол и нејзиното семејство (се спасува само братот Алберто, но е покосен од болест и е закопан во монументалната капела на семејството), дефинитивно ги израмнува општествените разлики помеѓу Финци – Контини и останатите членови на еврејската заедница од Ферара, соединети во теророт на депортацијата и смртта во концентрациониот логор. Во една од последните сцени, кога еврејските семејства се собрани во Замокот пред да бидат испратени во Германија, Микол и бабата, одвоени од другите, го сретнуваат таткото на главниот лик кој им пружа внимание и грижа. На тој начин се затвора кругот меѓу девојката и синот, вљубен во неа но одбиен поради заедничкиот пријател Џампи Малнате. Џорџо, кој навреме избегал во странство, се спасува и ја раскажува приказната за својата младост и за првата невозможна љубов.