Јанус (месечина)
Изглед
Јанус — внатрешна месечина на Сатурн. Позната е и по името Сатурн X.
Јанус е месечина со многу кратери и со неправилен облик, кружи околу Сатурн веднаш зад прстенот Ф и само 50 километри подалеку од неговиот сосед - Епиметеј. Неговото постоење било потврдено во декември 1966 година и е наречена според римскиот бог Јанус, закој се верувало дека истовремено може да гледа напред и назад. Сепак, статусот на месечина го добила во февруари 1980 година, откако биле проучени податоците на „Војаџер 1“.
Користена литература
[уреди | уреди извор]- Андоновска, Ема и Шувака-Хоџиќ, Лавинија (2008). „Вселена“. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-9989-2721-8-9.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Профил на Јанус Архивирано на 5 март 2012 г. на официјалниот портал за истражување на Сончевиот Систем на НАСА
|