Прејди на содржината

INXS

Од Википедија — слободната енциклопедија
INXS
The band onstage
INXS на настап во 2012
Животописни податоци
Познат(а) и какоThe Farriss Brothers
ПотеклоСиднеј, Австралија
Жанрови
Период на активност1977–2012
Издавачи
Мреж. местоinxs.com

INXS (транскрипција: Инексес) ― поранешна австралискa рок-група, основана под името Farriss Brothers во 1977 година во Сиднеј.[4][5] Основачки членови биле басистот Гари Гери Бирс, главниот композитор и клавијатурист Ендрју Фарис, тапанарот Џон Фарис, гитаристот Тим Фарис, фронтменот и главен текстописец Мајкл Хаченс и гитаристот и саксофонист Кирк Пенгили.[6] Хаченс 20 години бил фронтмен на INXS, чие извонредно владеење со сцената го направило најистакната фигура од групата.[4][6] На почетокот групата била позната по новобранова/поп-музика, а подоцна почнала да снима потврд паб-рок-музика со примеси на фанк и денс елементи.[4]

Во 1984 година, со песната „Original Sin“ INXS за прв пат се искачиле на прво место на топ-листата во Австралија. Групата стекнала светска слава кон средината на 1980-тите која успеале да ја задржат и во 1990-тите, а особено успешни биле албумите Listen Like Thieves, Kick и X, и сингловите „What You Need“, „Need You Tonight“, „Devil Inside“, „Never Tear Us Apart“, „Suicide Blonde“ и „New Sensation“.[7][8][9][10]

По смртта на Хаченс на 22 ноември 1997 година, INXS настапувале со неколку гости-пејачи, а на турнеите и на новите песни почнувајќи од 2000 година главен пејач бил Џон Стивенс.[5] Во 2005 година, членовите на INXS учествувале во Rock Star: INXS, реална ТВ-серија која кулминирала со изборот на канадскиот пејач Џеј Ди Форчун за нивен нов пејач.[11] Ирскиот кантавтор Сиаран Грибин го заменил Форчун како главен пејач во 2011 година. На концертот орджан на 11 ноември 2012 година, INXS навеле дека тоа ќе биде нивен последен концерт, но не најавиле трајно повлекување на групата од музичката сцена.

INXS освоиле шест награди од Австралиското здружение на музички сниматели (ARIA), меѓу кои и три награди за „Најдобра група“, во 1987, 1989 и 1992 година;[12] групата била примена во Куќата на славните на ARIA во 2001 година.[13] [14] INXS продале преку 50 милиони албуми со што се едни од најпродаваните музички изведувачи од Австралија на сите времиња.[15] [16]

Членови на групата

[уреди | уреди извор]

 

Основачки членови
  • Тим Фарис – главна гитара (1977–2012)
  • Кирк Пенгили – ритам и главна гитара, саксофони, придружни вокали (1977–2012)
  • Гари Гери Бирс – бас гитара, придружен вокал (1977–2012)
  • Ендрју Фарис – клавијатури, ритам гитара, хармоника, перкусии, придружен вокал (1977–2012)
  • Џон Фарис – тапани, перкусии, придружни вокали (1977–2012)
  • Мајкл Хаченс – водечки и придружни вокали (1977–1997; неговата смрт)

Други членови

  • Џон Стивенс – главен вокал (2000–2003)
  • JD Fortune – водечки вокал (2005–2011)
  • Сиаран Грибин – водечки вокал, ритам и главна гитара (2011–2012)

Дискографија

[уреди | уреди извор]
  • INXS (1980)
  • Underneath the Colours (1981)
  • Shabooh Shoobah (1982)
  • The Swing (1984)
  • Listen Like Thieves (1985)
  • Kick (1987)
  • X (1990)
  • Welcome to Wherever You Are (1992)
  • Full Moon, Dirty Hearts (1993)
  • Elegantly Wasted (1997)
  • Switch (2005)
  • Original Sin (2010)

Оставштина

[уреди | уреди извор]

INXS биле наведени како инспирација за неколку изведувачи, како што се: The 1975,[17] Maroon 5[18] и Savage Garden.[19]

  1. Huey, Steve. „Need You Tonight – INXS | Song Info“. AllMusic. Посетено на 7 October 2020.
  2. Britt, Bruce (19 March 1988). „AUSTRALIAN FUNK-ROCKERS INXS GET A KICK OUT OF TAKING RISKS“. The Morning Call. Посетено на 7 October 2020.
  3. Abjorensen, Norman (2017). Historical Dictionary of Popular Music. Rowman & Littlefield. стр. 250. ISBN 978-1-5381-0215-2.
  4. 4,0 4,1 4,2 McFarlane, Ian (1999). „Encyclopedia entry for 'INXS'. Encyclopedia of Australian Rock and Pop. Allen & Unwin. ISBN 1-86448-768-2. Архивирано од изворникот на 30 September 2004. Посетено на 16 November 2008.
  5. 5,0 5,1 Nimmervoll, Ed. „INXS“. Howlspace – The Living History of Our Music. White Room Electronic Publishing Pty Ltd (Ed Nimmervoll). Архивирано од изворникот 2012-07-26. Посетено на 22 January 2014.
  6. 6,0 6,1 Holmgren, Magnus; Shaw, Julian; Meyer, Peer. „INXS“. Australian Rock Database. Passagen (Magnus Holmgren). Архивирано од изворникот на 12 December 2011. Посетено на 11 February 2014.
  7. Kent, David (1993). Australian Chart Book 1970–1992. St Ives, Sydney: Australian Chart Book. ISBN 0-646-11917-6.
  8. „INXS discography“. Australian Charts Portal. Архивирано од изворникот на 2 March 2014. Посетено на 16 November 2008.
  9. „INXS > Charts & Awards > Billboard singles“. AllMusic. Посетено на 6 March 2008.
  10. Празен навод (help)
  11. Deriso, Nick (20 September 2015). „That Time INXS Hired a New Singer on a Reality TV Show“. Ultimate Classic Rock. Посетено на 2 April 2020.
  12. „ARIA Awards 2008: History: Winners by Artist“. Australian Recording Industry Association (ARIA). Посетено на 16 November 2008.[мртва врска]
  13. „Winners by Award: Hall of Fame“. Australian Recording Industry Association (ARIA). Архивирано од изворникот на 2 February 2009. Посетено на 11 January 2008.
  14. „2001 15th Annual ARIA Awards“. Australian Recording Industry Association (ARIA). Архивирано од изворникот на 26 September 2007. Посетено на 16 November 2008.
  15. „Legendary Australian Rock Band INXS Name Grammy Winning Music Producer, Composer and Arranger Giles Martin as Executive Music Director for Future Projects“. Universal Music. 5 June 2018.
  16. „INXS celebrate 40 years, 50 million records with VIP masquerade ball“. Mediaweek. 27 October 2017. Архивирано од изворникот на 28 October 2017. Посетено на 28 October 2017.
  17. „The 1975 say they are 'sick to death' of the lack of good pop music“. NME (англиски). 2015-10-09. Посетено на 2020-02-21.
  18. „Maroon 5: The music that made us“. Digital Spy (англиски). 2014-10-01. Посетено на 2018-09-18.
  19. „The Aussies who conquered America“. NewsComAu. Посетено на 2018-09-18.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]