Ring the Alarm
„Ring the Alarm“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Бијонсе | |||||
од албумот B'Day | |||||
Издаден | 17 октомври 2006 (САД) | ||||
Текстописе�� | Бијонсе Ноулс, Касим „Свиз Битз“ Дин, Шон Гарет | ||||
Формат | ЦД сингл, 12", спуштање | ||||
Снимен | 2006 Sony Music Studios (Њујорк Сити, Њујорк) | ||||
Жанр | Р&Б, Хип-хоп | ||||
Должина | 3:23 (Албум Верзија) 3:16 (Радио уредување) | ||||
Издавачка куќа | Columbia | ||||
Продуцент | Бијонсе Ноулс, Свиз Битз, Шон Гарет | ||||
Хронологија на синглови на Бијонсе | |||||
|
„Ring the Alarm“ е песна снимена од американската Р&Б пејачка Бијонсе Ноулс за нејзиниот втор студиски албум, B'Day (2006). Била компонирана од Ноулс, Касим „Свиз Битз“ Дин и Шон Гарет. Columbia Records го издала „Ring the Alarm“ како вториот сингл од B'Day во САД на 17 октомври 2006, додека „Irreplaceable“ (2006) бил издаден како вториот интернационале/третиот сингл во САД. Развитокот на песната бил мотивиран од улогата на Ноулс во адаптацијата на музиклот од Бродвеј, Dreamgirls (2006). „Ring the Alarm“ е Р&Б песна со панк рок влијанија. Користи звук од ситена на почетокот, создавајќи агресивен звук на песната.
Според текстот, „Ring the Alarm“ прикажува девојка која се чувствува загрозена од друга жена и ја покажува својата неподготвеност да ги сподели своите профити и вложувања во својот љубовник. Критичкиот прием на песната бил помешан и позитивен, а неколку критичари забележале дека песната е поразлична од претходната работа на Ноулс. Додека некои од нив ги пофалиле изобличените, лутите и наметливите вокали, другите биле разочарани од текстот. Постоеле гласини дека текстот на песната ја прикажува врската на Р&Б-поп ѕвездата Ријана и Џеј-Зи, што Ноулс го негирала во интервју со магазинот Seventeen во средината на 2006. Франчес Ромеро од магазинот Тајм ја сместил „Ring the Alarm“ на деветтото место на неговиот список на „Топ 10 Лути Песни за Раскинување“ од 2000-тите. Песната била номинирана за Најдобар Женски Р&Б Настап на 49тите Греми Награди.
Синглот се искачил на дванаесеттото место на Билборд Хот 100 во САД во септември 2006 на дванаесеттото место со што станал највисокото прво искачување на сингл од Ноулс во САД. Сепак, највисоката позиција на синглот била единаесет, со што тој станал нејзиниот прв сингл кој не се искалил меѓу првите десет. Музичкото видео за синглот било инспирирано од филмот од 1992, Сурови Страсти и било режирано од Софи Мулер. Било снимено во хамгарска пештера во Бруклин, Њујорк. По неговата премиера на Yahoo! Music на 16 август 2006, музичкото видео добило помешани критики од музичките критичари кои се согласиле дека тоа е екцентрично. Ноулс ја промовирала „Ring the Alarm“ за време на повеќе настапи во живо, телевизиски емисии и церемонии, вклучувајќи го настапот на МТВ Видео Музичкито Награди од 2006. Песната била дел од сет-списокот на The Beyoncé Experience во Лос Анџелес и нејзината светска, I Am... Турнеја.
Заднина
[уреди | уреди извор]Пишување и снимање
[уреди | уреди извор]Во 2006, Ноулс имала улога во адаптацијата на мјузиклот од Бридвеј, Dreamgirls која била „тешко“ инспирирана од содржината на музиката и албумот.[1] Додека била на одмор по шест месечно снимање, таа отишла во студиото за да почне да работи на нејзиниот втор соло албум B'Day.[1] Ноулс открила: „[Кога снимањето заврши,] јас имав многу натрупани работи, многу емоции, многу идеи“.[1] Таа го повикала американскиот текстописец и музички продуцент Шон Гарет, кој помогнал во пишувањето на нејзиниот мулти-платинест сингл од 2005, „Check on It“, заедно со Родни Џекинс и Рич Харисон.[2] Таа исто така го повикала и американскиот хип-хоп продуцент-раперот Касим „Свиз Битз“ Дин, кој помогнал во продуцирањето на „Check on It“.[1] Ноулс го изнајмила Sony Music Studios и им резервирала на Гарет и на другите продуценти.[2] Тој открил: „Јас отидов во студиото и ја видов зоната...сите кои се овде се судираат. Родни Џеркинс имаше своја сесија, Рич Харисон имаше своја сесија...“[1] Во пишувањето на „Ring the Alarm“ помогнале Ноулс Гарет и Свиз Битз.[3] Песните на албумот биле продуцирани додека бил пишуван текстот.[1] Ноулс помогнала во аранжманот и снимала во истото студио. „Ring the Alarm“ била продуцирана од Бијонсе, Гарет и Свиз Битз.[1] Песната била една од четирите кои биле продуцирани од Свиз Битз. Тој изјавил: „Тоа е еден од моите подароци кои ѝ ги дадов за нејзиниот B'Day (роденден). Јас ги продуцирав повеќето од песните на албумот самостојно“.[4] Во врска со нејзината соработка со Свиз Битз, Ноулс рекла: „Обожувам да работам со Свиз. Тој ми задава предизвици. Неговите звуци се толку комплексни што е тешко да се најде мелодија. Но ова веднаш ми дојде на ум“.[5]
Омот
[уреди | уреди извор]Омотот на B'Day го содржел и омотот на „Ring the Alarm“, што довело до контроверзија по користењето на алигатори за време на сликањето. Ноулс открила дека користењето на животните и затворањето на нивните усти бил нејзина идеја. PETA, организација за правата на животните, која претходно со соочила со неа за користењето на крзна во дизајнот на нејзината модна линија, се јавила на биолог кој подоцна ѝ напишал писмо на Ноулс:
„Како стручњак по билогија на влекачите, јас сум загриежн за твоето позирање со малечки, престрашени алигатори за твојот нов омот на албумот. Луѓето и алигаторите не се природни пријатели, и затоа не треба да се ставаат кај што не им е местото, по фотосесии. Според мене, тоа е веројатно навредливо за животното.“[6]
Менаџерот и татко на Бијонсе, Метју Ноулс дал официјална изјава неколку дена подоцна:
„Јасно е дека има натпреварувачки план да се создаден хаос околу албумот 'B'Day' на Бијонсе кој ќе биде издаден на 5 септември во САД. Прво. петиција против синглот, 'Déjà Vu', потоа гласини за конфликт меѓу Бијонсе и Ријана, напади предизвикани врз основа на видеото за 'Ring the Alarm', ваѓањето на сингл само за да се изедначи со албумот албумот на ЛеТоја и сега да се додадат тие смешни гласини, па мојот план е да го одложам издавањето на албумот 'B'Day'. Што ќе биде следно? Бијонсе ќе ја исече целата коса? Ќе ја обои зелена? Можеби таа ги пее песните во обратна насока со некои скриени и потсвесни пораки!“[7]
Музика, тема и текст
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
Според листовите со музика објавени на Musicnotes.com, „Ring the Alarm“ е Р&Б песна поставена во вообичаено време и изведена во умерено бавно темпо од осумдесет и пет удари во минута.[8] Песната, која користи и панк рок влијанија,[9] е компонирана во А мол и вокалите на Ноулс се диважт од C♯4 до F5.[8] Инструментацијата на „Ring the Alarm“ користи тапани и други удирачки инструменти[8] како и синтисајзер.[8] Песната содржи „удирачки позадински бит“,[10] тропачки инструменти,[11] и тропачки бас.[12] Песната користи и сирена како воведен звук, со што создава агресивен тон.[13] Според Том Брејхан од The Village Voice, песната исто така користи „“the song also makes use of „титански удари со раце, синтисајзер и издишувачки звуци.“[14] Силните и викачките вокали на Ноулс се подобрени со ритам како и со ехо што создава нео-вибрација.[13] Дополнително, таа додава мецо-сопран на песната,[13] кој подоцна ја прикажува агресивноста на текстот.[15] Ноулс лично коментирала за песната: „Енергетска е, агресивна и пополнето со тешки битови“.[16] Таа исто така изјавила дека албумот бил комплетиран за три недели и дека тоа било причина за агресивната содржина на песните.[1]
Во интервју, Ноулс кажала дека не планирала да напише „бесна песна.“ Потоа објаснила: „Песната на Свиз ја имаше таа тешка вибрација, момчето ја изневерувало девојката и јас сакав да напишам нешто искрено. Ако сте во врска дури и со маж кој ве изневерува и завршите така што нема да го сакате, помислата од друга жена која ги зема вашите вложувања и сето она што сте го научиле е тешка.“[17] Дарил Стердан, пишувајќи за канадското мрежно место Jam!, го опишал „Ring The Alarm“ како „пискава, лута експлозија од смртта“,[18] додека Келеда Сенех од Њујорк Тајмс забележала дека песната е „претпазлив приказ на емоционална ранливост.“[19] Дејв де Силви од Sputnikmusic подоцна додал дека Ноулс ја покажува нејзината неможност да ѝ дозволи на друга жена да ја искористи нејзината работа која таа ја вложила за да го унапреди својот маж.[20] Според текстот, песната ја прикажува Ноулс која покажува загрозена девојка.[19] Според Франчес Ромеро од Тајм Магазинот, лутината која таа ја исфрла е поради љубопитното око на нејзиниот маж и нејзината помисла да го напушти на некоја безвредна жена.[21] Тим Фини од Pitchfork Media забележал дека вокалите на Ноулс во песната се „остри со вознемиреност и параноја.“[22] Тамара Кониф од Билборд забележала дека стиховите од „Ring The Alarm“ се слични со претходните песни на Арета Френклин.[5]
Песната започнува со Ноулс која му кажува на нејзиниот љубовник дека не може да го пушти и потврдува дека нема да дозволи никоја друга жена да ѝ земе нешто што таа го поседува.[23] Според Џоди Розен од Entertainment Weekly, Ноулс го обезбедува рефренот—„Стиснете го алармот, го правам ова предолго / Но ќе бидам проколната ако видам уште една девојка на твојата рака“—„низ густа магла на нарушување.“[24] Сара Родман од The Boston Globe коментирала дека пејачката ја обезбедува оваа линија со „стискање и итност“ кои имаат оригинално чувство,[10] додека Брејхан додал дека Ноулс пее со „со топол интензитет“ и „навалува со сила и цел.“[14] Во нејзиниот прв стих, таа исто така ја опишува нејзината врска како „несовршена слика од филм за која сите ќе претпостават.“[25] Имало гласини дека текстот на „Ring the Alarm“ ја прикажува врската на поп пејачката Ријана и нејзината врска со раперот Џеј-Зи.[19][26] Во интеврју со уредник на месечниот магазин, Седумнаесет, Ноулс разјаснила дека текстот нема никаква врска со Ријана. Таа подоцна објасниле дека не ѝ било страв од гласините кои кружеле наоколу.[14][27]
Издавање
[уреди | уреди извор]Сакам лично да одговорам на изјавата од Vibe.com за мојот следен сингл, 'Ring The Alarm.' Јас сум многу горда од оваа песна и верувам дека видеото е едно од најдобрите кои ги имам направено. Возбудена сум за неговата премиера на Јаху денеска, среда, август 16[, 2006]. Енергетско е, агресивно и пополето со силни удари кои одвај чекам да ги видат моитее обожаватели. Секогаш верував дека ова ќе биде силна песна.Моите мисли за издавањето на 'Green Light' (2007) и 'Get Me Bodied' беа првите кои отидоа на интернационален маркет, но енергијата на 'Ring The Alarm' е нешто што сакав целиот свет да го види и чуе сега. 'Green Light' се 'Get Me Bodied' се дефинитивни кандидати за синглови, но сега сè се врти околу 'Ring The Alarm.'“ | ||
—Бијонсе Ноулс за издавањето на „Ring The Alarm“.[16]
|
Во јуни 2006, Ноулс ја поканила Тамата Кониф од Билборд во студиото во Њујорк каде таа ги снимала „Ring The Alarm“ и „Freakum Dress“ (2006) за изборот на нејзините наредни два сингла,[5] и исто така имала планови да ги прати „Green Light“ (2007) и „Get Me Bodied“ (2007) до интернационалните маркети. Сепак, таа веднаш барала „Ring the Alarm“ да биде издаден како вториот сингл од албумот во САД, следејќи го „Déjà Vu“ (2006).[16] ЦД синглот со две песни бил издаден во САД на 3 октомври 2006,[28] и ремикс ЦД со пет песни било подоцна издадено на 17 октомври, вклучувајќи ги ремиксовите од Karmatronic, Migtight, Tranzformas, Pha и Grizz.[29] Ноулс подоцна му дозволила на англискиот продукциски тим Freemasons да направат ремикс на „Déjà Vu“. Подоцна била продуцирана клуб-ориентирана верзија која се појавила на првиот албум на тимот, Shakedown, издаден во 2007.[30]
Критички прием
[уреди | уреди извор]„Ring the Alarm“ бил примен од страна на јавноста со поларизирани реакции, а некои од нив забележале дека песната е целосно различна од претходната работа на Ноулс. Еб Хајнес од AllHipHop ја навел како „емоционално високопридвижувана“ песна која „ги зголеми шпекулациите за апсење, а е незначителна“.[31] Сара Родман од The Boston Globe го пофалила начинот на кој текстот на песната ја изложува лутината и ранливоста и го пофалила „крикот на страшната сирена“, ритамот и безориентираните вокали на Ноулс. Таа исто така коментирала дека „Ring the Alarm“ ја пронаоѓа „Бијонсе во безгневен, пеколен начин“.[10] Џона Вејнер од Блендер напишала дека „Ring the Alarm“ се однесува на „евергрин на Бијонсе: неразделноста на романтиката и финансиите.“[11] Крис Ричард од The Washington Post го дефинирал карактерот на Ноулс во песната како „љубоморен бивш љубовник“. Тој исто така го искажал своето разочарување за фактот што песната не може да управува со поубедливо воздржување.[32] Билборд ја видел „Ring the Alarm“ како уште една песна во која се работи за женско подобрување на Ноулс.[33]
Енди Келман од Allmusic ја опишал како „лута и песна надвор од карактер“.[34] Џоди Роузен од Entertainment Weekly ја навела „Ring the Alarm“ како „пламенита“ песна и го пофалила делот од текстот во кој Ноулс објаснува како таа ќе земе сè што нејзиниот маж ѝ го дал на друга жена.[24] На прегледот на албумот, Тим Фини од Pitchfork Media цитирал дека песната звучи „навистина (и чудно) неповрзана.“[22] Брајан Хајат од Роулинг Стоун изјавил дека Ноулс пее „со доволно избезумен интензитет“ за да ги убеди слушачите дека е навистина лудо заљубена.[9] Спенс Д. од IGN Music ѝ дал позитивен преглед на песната, изјавувајќи дека Ноулс „најдобро го прикажува стилот на нејзините вокали помешани со ритамот“ од „Ring the Alarm“.[13] Маркус Чин од магазинот Вајб ја опишал песната како „сексуална покана и закана.“[35] Сал Кинкемани од Slant Magazine рекол дека „Ring The Alarm“ бил храбар избор за сингл.[36] Ова било повторено од Дејв де Силви од Sputnikmusic кој рекол дека песната била храбар избор за сингл. Тој го пофалил „лутиот и запаливиот текст и интригантниот ритам.“[20] Норман Мејерс од Prefix Magazine рекол дека „Ring The Alarm“ е доказ за желбата на Ноулс да прави промени.[15] Нарекувајќи ја „врела песна“, Рач Рид од TeenToday рекол дека „Ring The Alarm“ е дефинитивно најистакнатата песна и додал дека е одлично „да се види артист на врвот на неговата игра спремен да земе ризици со песна како оваа (и поврзано видео!).“[12]
Бил Лемб од About.com коментирал дека изненадно првите два сингла издадени од B'Day, „Déjà Vu“ (2006) и „Ring the Alarm,“ се едни меѓу најслабите песни.[37] Сепак, тој ја сместил „Ring The Alarm“ на осумдесет и осмото место на неговиот список на Топ 100 Поп Песни 2006, пишувајќи: „Вториот сингл на Бијонсе од B'Day го содржеше најинтензивното видео на годината...и сирените.“[38] Тој исто така ја ранкирал песната на неговиот спосок Топ 10 Најдосадни Поп Песни од 2006 пишувајќи дека „веројатно помогна B'Day да се спаси од тонењето во очите на јавноста пред сите да почнеме да се радуваме од сјајот на „Irreplaceable.“ Сепак, тие сирени, манијачката Шерон Стоун во видеото... сето тоа беше премногу.“[39] Бернард Зуел од The Sydney Morning Herald ја навел како „досадна“ песна која „прикажува друг проблем со албумот.“[40] Дополнително, Vibe Magazine ја сместил песната на четириесеттото место на неговиот список на Топ 60 Песни од 2006, фалејќи ја дезориентацијата на песната и начинот на кон Ноулс вреска додека пренесува дел од текстот во рефренот.[41] Франсес Ромеро од Тајм Магазинот ја ранкирала „Ring The Alarm“ на деветтата позиција на нејзиниот список на „Топ 10 Лути Песни за Раскинување“ на 2000-тите, пишувајќи: „Критичарите имаа помешани чувства за песната, што беше одделување од претходниот материјал на Бијонсе. [...] На крај покажува дека Бијонсе има сопствен пат.“[21] Синглот бил номиниран за Најдобра Женска Р&Б Вокална Изведба на 49тите Греми Награди но из��убила од синглот „Be Without You“.[42]
Успех на табелите
[уреди | уреди извор]„Ring the Alarm“ бил издаден како вториот сингл во САД од B'Day, додека „Irreplaceable“ служел како вториот интернационален сингл ма сите други места и како трет сингл во САД. На 23 септември 2006, песната се искачила на дванаесеттото несто на Билборд Хот 100, продавајќи повеќе од 56,000 дигитални спуштања.[43] Синглот го постигнал највисокото прво место во САД и во кариерата на Ноулс.[44][45] Синглот се искачил на единаесеттото место на 30 септември,[46] станувајќи најслабо искачуваниот сингл на Ноулс сè до „Get Me Bodied“ кој се искачил на шеесет и осмото место.[47] Неколку недели по излегувањето од Хот 100, синглот повторно се искачил на табелата, на 13 јануари 2007, на осумдесет и првото место,[48] појавувајќи се на табелата 14 недели.[49] Поголем успех синглот постигнал на другите табели на Блиборд. „Ring the Alarm“ го постигнал првото место на Хот Денс Клуб Песни, Хот Р&Б/Хип-Хоп Продажби на Синглови и Хот 100 Продажби на Синглови, на третото место на Хот Р&Б/Хип-Хоп Песни и седмото место на Хот Дигитални Песни. Се искачил на Ритмички Топ 40 на дваесет и првото место.[47][50][51] На сите други места, „Ring the Alarm“ имал слаб прием. Во Шведсја, синглот се искачил на педесет и седмото место на 15 јануари 2007, еднс недела по повторното влегување на Хот 100.[49] Иако не бил издаден во Обединетото Кралство, „Ring the Alarm“ се искачувал девет непоследователни недели на UK Singles Chart и највисоката позиција била 112 на 9 декември 2006.[52]
Музичко видео
[уреди | уреди извор]Заднина
[уреди | уреди извор]Музичкото видео за „Ring the Alarm“ бил второто видео на Ноулс, режирано од Софи Мулер откако работела на „Déjà Vu“.[53][54] Видеото било снимено во пештера во вода блиску Бруклин, Њујорк. Ноулс се вратила во студиото да работи на B'Day откако снимањето завршило по три дена.[55] „Ring the Alarm“ прикажува сцена од филмот од 1992 Сурови Страсти, со Ноулс како Натали Мур од срамната сцена на Во Овие Времиња.[56][57] Ноулс ѝ кажала на Елис Гарднер од USA Today дека сакала видеото за „Ring the Alarm“ да биде сцена од филм; „Одделив шест месеци, работево со тренер два месеци. И тоа е чувано со мојата музика. Го третирав музичкото видео за 'Ring the Alarm' како сцена од филм. Милсев, 'Морам да го направам мојот тренер за глумење горд на мене.“[58] Ноулс носу бело здолниште и поло, како Шерон Стоун.[56] Видеото било премиерно прикажано на Yahoo! Music на 16 август 2006[16] и се искачило на Total Request Live на MTV на 10-тото место на 22 август.[59] Видеото се искачило на првото место на шоутоThe video reached number one and remained on the show for 35 days until it was replaced by "Irreplaceable".[59][60] Видеото за „Ring The Alarm“ било издадено на iTunes Store во САД како тродупло видео на 21 ноември 2006.[61]
Синопсис и критички прием
[уреди | уреди извор]Видеото започнува со Ноулс која лежи на маса и е осветлена со црвено светло. Додека сирената свити, таа станува и танцува и пее на масата. Потоа продолжува во соба за сослушување слична како онаа на Сурови Страсти. Ноулс го пее првиот стих во куќа со позадина од морски брег. Таа сака да избега и се бори со маскирани чувари по патот. Потоа тие ја враќаат во собата за сослушување. Меѓу овие снимки, таа пее во аголот на собата и вреска во огледало меѓу репортери. Кон крајот на песната таа почува да плаче. Видеото започнува со Ноулс која става црвен кармин на усните.
Видеото добило помешани одговори од критичарите. Келма изјавиле дека видеото „измислио секакви скептични анализи“.[34] Џоус Антонио Варгас од The Washington Post ја карактеризирал Ноулс во видеото како „боречка, лута жена“.[62] Елизабет Гудма од Роулинг Стоун шпекулирала дека користењето на чуварите со полна воена опрема наведува на Алијас.[25] Том Брејхан од The Village Voice го нарекол „брзо и валкано“ видео и „брза монтажа од дисконектирани слики“.[14] Роџер Фридман од Фокс Вестите го нарекол „бизарно видео кое ја прикажува лутата и непривлечната Бијонсе која му кажува некому (можеби на Џеј-Зи?) за неговото изневерување како да е разбеснет гостин на Маури Пович.“[63]
Настапи во живо
[уреди | уреди извор]Ноулс ја изведувала песната на МТВ Видео Музичките Награди од 2006 на 1 септември 2006, носејќи палто и корсет.[64] Џејмс Монтгомери од MTV Вестите коментирал дека додека Ноулс пеела, таа се „расоблекла и трчала.“[65] Таа подоцна ја извела песната на американските утрински вести, Добро Утро Америка.[66] Како дополнивање на настапите во живо на „Ring The Alarm“ на емсииите за награди и на телевизиските емисии, песната била дел од сет-списокот на The Beyoncé Experience во Лос Анџелес и I Am... Турнејата за време на различни допирања во Одисеј Арената во Северна Ирска, O2 Арената во Лондон, Атина во Грција и Сиднеј во Австралија.[67]
За време на нејзините ноќни настапи во Орландо, Флорида на 26 јули 2007, Ноулс ја пеела „Ring The Alarm“ откако завршила со „Dangerously in Love 2“ (2003).[68] Истиот ден, Ноулс за време на изведбата паднала по скалите и неколку обожаватели од публиката ја снимиле со камерата.[69] Таа подона се шегувала за паѓањето, кажувајќи ѝ на публиката дека „болело многу“ и ги замолила, „Не ја ставајте [снимката] на Јутуб.“[69] Сепак, тие во публиката го направиле спротивното и го пратиле видеото следното утро, а тоа било меѓу „Најгледаните“ и „Најдискутираните“ на странцата.[69] Исто така, станал и национален наслов.[68] По молбата на Ноулс, снимките почнале да исчезнуваат од Јутуб многу брзо поради „користење на насилство.“[69] Според Јутуб, корисницеите кои го испратиле паѓањето на Ноулс биле криви за кршење на авторските права „иако [тие] го зеле [видеото], настапувачот ги има правата за неговата/нејзината слика во некое видео, текстописецот ги има правата песната да виде изведена и некогаш местото забранува снимања без дозвола.“[69] По неколкуте поместувања, снимките од паѓањето на Ноулс направиле повторно оживување на Јутуб, а се појавиле и на други странци за видеа како Dailymotion и eBaum's World.[69] Џеј-Зи подоцна се пошалил на радио, изјавувајќи дека иако Ноулс е „одличен настапувач кој е во центарот на вниманието 99 проценти, таа сепак е човек.“[68]
На 5 август 2007, Ноулс ја изведувала песната во Медисон Сквер Гарден во Менхетн.[68][70] За време на паѓањето таа носела долг црвен фустан во Орландо, Флорида.[68] Џон Парелес од Њујорк Тајмс го пофалил настапот, изјавувајќи: „На Бијонсе не ѝ треба овлекување од нејзиното пеење, кое може да биде кое може да биде воздушесто или металично, насолзено или опасно, скорострелно со продолжени слогови. Но, таа беше во постојано движење, во костими [...]“.[70] Во Лос Анџелес, Ноулс имала целосен настап на песната, облечена во златни и прозирни пантолони. Била изведена со женски и машки позадински танчери и инструментација во живо.[71] Кога Ноулс ја изведувала песната во Санрајс, Флорида на 29 јуни 2009, носела трико од сјајно злато. Додека пеела зад неа и нејзиниот бенд се појавувале слики од маси кои се превртуваат.[72] Ноулс била придружена од нејзините два тапанари, перкусионист, дувачка секција, 3 резервни вокалисти наречени the Mamas и водечки гитарист, Биби Мекгил.[58] „Ring The Alarm“ била вклучена на нејзиниот албум во живо The Beyoncé Experience Live (2007).[73]
Формати и списоци на песни
[уреди | уреди извор]
|
|
Кредити и личности
[уреди | уреди извор]Кредитите се земени од B'Day.[3]
- Снимено од: Џим Каруана
- Помогнато од: Роб Кинелски
- Миксано од: Џејсон Голдстејн и Свиз Битз
- Помогнато од Стив Тол
Табели и сертификации
[уреди | уреди извор]
Неделни табели[уреди | уреди извор]
|
Годишни табели[уреди | уреди извор]
Сертификации[уреди | уреди извор]
|
Во популарна култура
[уреди | уреди извор]- „Ring the Alarm“ бил користен за премиерата на третата сезона од популарната британска тинејџерска драма Скинс.[81]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 Reid, Shaheem. „Be All You Can, B.“. MTV News. MTV Networks. Посетено на January 21, 2011.
- ↑ 2,0 2,1 Conniff, Tamara (June 16, 2006). „Beyoncé Builds Buzz For 'B-Day'“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на January 21, 2011.
- ↑ 3,0 3,1 (2007) Album notes for B'Day deluxe edition. Sony Music BMG Entertainment.
- ↑ MTV News staff (August 25, 2006). „For The Record: Quick News On Eminem, Aaliyah, Panic! At The Disco, DMX, Beyoncé, Britney Spears & More“. MTV News. MTV Networks. Посетено на January 21, 2011.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Tamara Coniff (June 19, 2006). „Beyonce's little secret“. Billboard. Prometheus Global Media. стр. 69. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ TMZ Staff (29 август 2006). „PETA Wants Gator-aid From Beyoncé“. TMZ. TMZ Productions, Inc. Посетено на January 21, 2011.
- ↑ Scott (August 26, 2006). „Beyonce's Dad Responds To Online Petition“. Stereogum. Посетено на January 21, 2011.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 „Beyoncé Digital Sheet Music: Ring the Alarm“. Musicnotes.com. EMI Music Publishing. Отсутно или празно
|url=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ 9,0 9,1 Brian Hiatt (September 20, 2006). „Beyonce - B'Day“. Rolling Stone. Jann Wenner. Архивирано од изворникот 2007-12-23. Посетено на January 9, 2011.
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Rodman, Sarah (September 4, 2006). „Beyonce shows rage and range on new release“. The Boston Globe. The New York Times Company. Архивирано од изворникот на 2011-07-25. Посетено на January 9, 2011.
- ↑ 11,0 11,1 Wiener, Jonah. „Beyoncé: B'Day“. Blender Magazine. Dennis Publishing. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ 12,0 12,1 Read, Rach. „Beyoncé – B'Day album review“. TeenToday (United Kingdom). Посетено на January 29, 2011.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 13,3 D., Spence (September 5, 2006). „Beyonce - B'Day“. IGn. News Corporation. Архивирано од изворникот на 2011-07-13. Посетено на January 9, 2011.
- ↑ 14,0 14,1 14,2 14,3 Breihan, Tom (August 17, 2006). „Beyoncé's "Ring the Alarm": Conspiracy Theories“. The Village Voice. Michael Cohen. Архивирано од изворникот на 2011-08-13. Посетено на January 21, 2011.
- ↑ 15,0 15,1 Mayers, Norman (September 18, 2006). „Beyonce“. Prefix Magazine. Архивирано од изворникот на 2011-05-16. Посетено на January 9, 2011.
- ↑ 16,0 16,1 16,2 16,3 Concepcion, Mariel (August 16, 2006). „Beyoncé Rings The Alarm on Vibe.com“. Vibe (magazine). InterMedia Partners. Архивирано од изворникот на 2007-06-13. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ „Beyoncé - Biography“. Music World Entertainment. Архивирано од изворникот 2007-10-15. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ Sterdan, Darryl. „Review Album: Beyoncé - B'Day“. Jam!]]. Sun Media. Посетено на January 11, 2011. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ 19,0 19,1 19,2 Sanneh, Kelefa (November 23, 2006). „Beyoncé Bounces Back: Film, Album and Warning“. The New York Times. The New York Times Company. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ 20,0 20,1 Dave de Sylvia (September 17, 2006). „Beyonce - B'Day“. Sputnikmusic. Посетено на January 15, 2011.
- ↑ 21,0 21,1 Frances Romero (August 25, 2010). „'Ring the Alarm,' by Beyoncé“. Time (magazine). Time Inc. Архивирано од изворникот на 2011-01-26. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ 22,0 22,1 Tim Finney (September 7, 2006). „Review: B'Day“. Pitchfork Media. Ryan Schreiber. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ Jon Pareles (September 4, 2006). „All That Success Is Hard on a Girl (or Sounds That Way)“. The New York Times. Arthur Ochs Sulzberger, Jr. Посетено на January 9, 2011.
- ↑ 24,0 24,1 Rosen, Jody (September 1, 2006). „Music Review: B'Day (2006) – Beyoncé Knowles“. Entertainment Weekly. Time Inc. Посетено на January 9, 2011.
- ↑ 25,0 25,1 Goodman, Elizabeth (August 17, 2006). „Video of the Day: Beyoncé "Ring the Alarm"“. Rolling Stone. Jann Wenner. Архивирано од изворникот 2009-01-14. Посетено на April 17, 2011.
- ↑ Hashem, Warren (August 24, 2006). „Beyoncé's Dad: Someone is Trying to Sabotage the B'Day Album“. Vibe (magazine). InterMedia Partners. Архивирано од изворникот на 2011-05-22. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ Holly Eagleson (December 31, 2008). „Beyoncé has tackled music and fashion (Annual 2008)“. Seventeen (magazine). Hearst Corporation. стр. 10. Посетено на January 21, 2011.
- ↑ 28,0 28,1 „Ring the Alarm [2 Tracks^“. Billboard. Nielsen Business Media. Архивирано од изворникот 2009-02-05. Посетено на April 1, 2011.
- ↑ 29,0 29,1 „Ring the Alarm [5 Tracks^“. Billboard. Nielsen Business Media. Архивирано од изворникот 2009-02-05. Посетено на April 1, 2011.
- ↑ „Shakedown 2“. Amazon.com. Amazon Inc. Посетено на January 22, 2011. Text "Amazon Uk" ignored (help)
- ↑ Haynes, Eb (September 20, 2006). „B'Day“. AllHipHop. Архивирано од изворникот на 2008-12-09. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ Richards, Chris (September 6, 2006). „Beyonce's 'B'Day' Is Nothing to Celebrate“. The Washington Post. Katharine Weymouth. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ „Review: Beyoncé B'Day“. Billboard. Prometheus Global Media. стр. 69. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ 34,0 34,1 Kellman, Andy. „Album review: B'Day“. Allmusic. Rovi Corporation. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ Marcos Chin. „Review: Beyoncé B'Day“. Vibe (magazine). InterMedia Partners. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ Sal Cinquemani (August 29, 2006). „Beyoncé B'Day'“. Slant Magazine. Посетено на January 9, 2011.
- ↑ Bill Lamb. „Review: Beyonce - B'day“. About.com. The New York Times Company. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ Lamb, Bill. „Top 100 Pop Songs 2006“. About.com. The New York Times Company. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ Lamb, Bill. „Top 10 Most Annoying Pop Songs of 2006“. About.com. The New York Times Company. Посетено на January 23, 2011.
- ↑ Zuel, Bernard (September 8, 2006). „B'Day“. The Sydney Morning Herald. Fairfax Media. Посетено на September 11, 2008.
- ↑ Marcos Chin. „Top 60 Songs of 2006“. Vibe (magazine). InterMedia Partners. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ „49th Annual Grammy Awards Winners List“. Grammy Awards. National Academy of Recording Arts and Sciences. Архивирано од изворникот 2009-11-08. Посетено на April 17, 2011.
- ↑ Caulfield, Keith (May 6, 2011). „Lady Gaga & Beyonce Singles Stall on the Charts: Cause for Alarm?“. Billboard. Nielsen Business Media. Посетено на May 7, 2011.
- ↑ „Hot 100 – Week of September 23, 2006 Billboard“. Prometheus Global Media. November 1, 2008. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ Hope, Clover (September 14, 2006). „Timberlake's 'Sexy' Fends Off Fergie For No. 1“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ „Billboard Hot 100“. Billboard. Prometheus Global Media. September 30, 2006. Архивирано од изворникот 2007-12-15. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ 47,0 47,1 „Beyoncé: Artist Chart History“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на January 21, 2011.
- ↑ „Billboard Hot 100“. Billboard. Prometheus Global Media. January 13, 2007. Архивирано од изворникот 2008-01-23. Посетено на January 21, 2011.
- ↑ 49,0 49,1 49,2 „Ring The Alarm“. Swedish Recording Industry Association. Hung Medien. Посетено на January 20, 2011. Грешка во наводот: Неважечка ознака
<ref>
; називот „Hung Medien“ е зададен повеќепати со различна содржина. - ↑ „Beyoncé – Billboard Singles“. Allmusic. Rovi Corporation. Посетено на December 11, 2010.
- ↑ „Beyoncé Knowles“. Rock On The Net. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ 52,0 52,1 „Chart Log UK: 1994–2008“. Zobbel.de. Посетено на April 3, 2011.
- ↑ Spera, Keith (June 23, 2006). „Spare Notes“. The Times-Picayune. Ashton Phelps Jr. Архивирано од изворникот на 2009-01-10. Посетено на January 21, 2011.
- ↑ „Ring the Alarm – Beyoncé“. MTV Networks. Посетено на January 21, 2011.
- ↑ Blender editors (October 20, 2006). „Beyoncé: The Ice Princess“. Blender (magazine). Dennis Publishing. Архивирано од изворникот на 2008-12-16. Посетено на January 21, 2011.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ 56,0 56,1 Moore, Natalie (November 17, 2006). „Beyoncé's Bootyful B'Day“. In These Times. Institute for Public Affairs. Архивирано од изворникот на 2011-05-07. Посетено на January 21, 2011.
- ↑ Jose Antonio Vargas (September 9, 2006). „Beyonce, Trying To Find Her Own Destiny“. The Washington Post. Katharine Weymouth. Посетено на January 21, 2011.
- ↑ 58,0 58,1 Elysa Gardner (August 31, 2006). „Beyoncé, raising her voice“. USA Today. Gannett Company. Посетено на January 30, 2011.
- ↑ 59,0 59,1 „TRL Debuts“. Host17. Popfusion. Архивирано од изворникот 2009-06-01. Посетено на January 21, 2011.
- ↑ „TRL Number Ones“. Host17. Popfusion. Архивирано од изворникот на 2009-05-22. Посетено на April 17, 2011.
- ↑ "iTunes Store - Beyoncé - Video Triple Play". Itunes US. Apple Inc.. Retrieved January 21, 2011.
- ↑ Vargas, Jose Antonio (September 9, 2006). „Beyoncé, Trying To Find Her Own Destiny“. The Washington Post. Katharine Weymouth. Посетено на January 21, 2011.
- ↑ Friedman, Roger (August 17, 2006). „First Look: Beyoncé's New Album 'B'Day'“. Fox News Channel. Fox Entertainment Group. Посетено на January 21, 2011.
- ↑ Melody K. Hoffman (September 1, 2006). „Stars Welcome MTV's 2006 Video Music Awards Back To New York City“. Jet (magazine). Linda Johnson Rice. стр. 62. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ Montgomery, James (September 1, 2006). „Underdog Night At The VMAs: Panic, Gnarls, Blunt, Chamillionaire Win Big“. MTV News. MTV Networks. Посетено на January 20, 2011.
- ↑ „Beyonce "ring the alarm" Good morning America Video“. Good Morning America. CStone. Посетено на January 21, 2011.[мртва врска]
- ↑ „Beyoncé - Ring The Alarm“. Nuts (magazine) (United Kingdom). IPC Media. Посетено на January 9, 2011. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ 68,0 68,1 68,2 68,3 68,4 Shaheem Reid (August 7, 2007). „Beyonce Puts On Flawless — And Fall-Less — NYC Show With Robin Thicke“. MTV News. MTV Networks. Посетено на January 31, 2011.
- ↑ 69,0 69,1 69,2 69,3 69,4 69,5 James Montgomery (July 26, 2007). „YouTube Yanks Videos Of Beyonce's Tumble, Citing Copyright Infringement“. MTV News. MTV Networks. Посетено на January 31, 2011.
- ↑ 70,0 70,1 Jon Pareles (August 6, 2007). „Romance as a Struggle That She Will Win“. The New York Times. Arthur Ochs Sulzberger, Jr. Посетено на January 11, 2011.
- ↑ Beyoncé Knowles. (2007). The Beyoncé Experience Live. Columbia Records.
- ↑ Parke Puterbaugh (June 29, 2009). „Review: Beyonce is ... Fierce talent“. New Records. Архивирано од изворникот на 2012-03-08. Посетено на January 10, 2011.
- ↑ „The Beyoncé Experience (Live) [Audio Version]“. Itunes Belgium (холандски). Apple Inc. November 19, 2007. Посетено на January 9, 2011.
- ↑ "iTunes Store - Beyoncé - Ring the Alarm - Dance Mixes EP". Itunes US. Apple Inc.. Retrieved January 21, 2011.
- ↑ "iTunes Store - Beyoncé - Ring the Alarm - Urban Mixes EP". Itunes US. Apple Inc.. Retrieved January 21, 2011.
- ↑ "Beyonce Album & Song Chart History" Billboard Хот 100 for Beyonce. Prometheus Global Media.
- ↑ "Beyonce Album & Song Chart History" Billboard Hot Dance/Club Play for Beyonce. Prometheus Global Media.
- ↑ "Beyonce Album & Song Chart History" Billboard R&B/Hip-Hop Songs for Beyonce. Prometheus Global Media.
- ↑ „The Billboard Hot R&B/Hip Hop Singles & Tracks - 2006 Year End Charts“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на January 4, 2011.
- ↑ „Beyonce - Ring The Alarm certifications“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот на 2012-07-17. Посетено на February 4, 2011.
- ↑ „Skins Episode 1: Everyone“. Skins Official Website. Посетено на April 17, 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Бијонсе Архивирано на 5 јануари 2009 г. – официјална страница во САД
- „Ring the Alarm“ - музичко видео на Јутуб
Книга:B'Day | |
Книги се колекција на статии кои можат да бидат спуштени или нарачани за принтање. |
|