2007
< XX век | XXI век | XXII век > | |||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 100 |
Грегоријански календар | 2007 MMVII |
Ab urbe condita | 2760 |
Ерменски календар | 1456 ԹՎ ՌՆԾԶ |
Асирски календар | 6757 |
Бахајски календар | 163–164 |
Балиски календар | 1928–1929 |
Бенгалски календар | 1414 |
Берберски календар | 2957 |
Будистички календар | 2551 |
Бурмански календар | 1369 |
Византиски календар | 7515–7516 |
Кинески календар | 丙戌年 (огн. куче) 4703 или 4643 — до — 丁亥年 (огн. свиња) 4704 или 4644 |
Коптски календар | 1723–1724 |
Етиопски календар | 1999–2000 |
Еврејски календар | 5767–5768 |
Хиндуистички календари | |
- Викрамска ера | 2063–2064 |
- Сачка ера | 1928–1929 |
- Кали-југа | 5107–5108 |
Холоценски календар | 12007 |
Игбоански календар | 1007–1008 |
Ирански календар | 1385–1386 |
Исламски календар | 1427–1428 |
Јапонски календар | Хејсеј 19 (平成19年) |
Јавански календар | 1939–1940 |
Џуче-календар | 96 |
Јулијански календар | грегоријанската без 13 дена |
Корејски календар | 4340 |
Мингуо-календар | Тајван 96 民國96年 |
Нанакшахи | 539 |
Тајландски сончев календар | 2550 |
Тибетски календар | 阳火狗年 (машки оган-куче) 2133 или 1752 или 980 — до — 阴火猪年 (женски оган-свиња) 2134 или 1753 или 981 |
Униксно време | 1167609600 – 1199145599 |
2007 (MMVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 2007 година од новата ера, 7. од третиот милениум, 7. од XXI век и осма од 2000-тите.
Други календари
[уреди | уреди извор]Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7515 и 7516 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6757 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на ��ветот според Евреите, годината се протега во текот на 5767 и 5768 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2760.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2007 година се протега во 4643 и 4644, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4703 и 4704 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2550. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1427 и 1428 исламска година.
Настани
[уреди | уреди извор]- 1 јануари - Словенија ќе го прифати еврото како национална валута, заменувајќи го толарот.
- 1 јануари - Бугарија и Романија влегоа во ЕУ.
- 1 јануари - Ангола станува членка на ОПЕК.
- 2 февруари - Марти Ахтисари го претстави својот предлог план за финалниот статус на Косово, со кој се предвидува независност на јужната српска покраина под меѓународен надзор.
- 11 февруари - Јован Манасиевски е избран за нов претседател на Либерално демократската партија.
- 11 февруари - Во Португалија на референдум е изгласано легализирање на абортусот.
- 14 февруари – Собранието на Србија донесе резолуција со која го отфрла планот на Ахтисари за решавање на статусот на Косово.
- 5 март – Започнува повеќе-месечниот протест на стечајците пред Собранието на Република Македонија.
- 16 април - Во Хаг започна судскиот процес против поранешниот македонски министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски за наводни воени злостроства во конфликтот во 2001. Покрај Бошкоски обвинет е и Јохан Тарчуловски.
- 22 април - Ѓорѓи Трендафилов е избран за претседател на ВМРО-Народна партија.
- 6 мај - Претседателски избори во Франција: Николас Саркози е избран за претседател на Франција.
- 16 мај - Николас Саркози ја презеде претседателската функција во Франција.
- 19 мај - Марија Шерифовиќ од Србија со песната Молитва победи на Евровизија која се одржа во Хелсинки, Финска.
- 18 јуни - Собранието на Република Македонија го избра Абдураман Мемети за министер за локална самоуправа со што и формално Партијата за демократски просперитет станува дел од владината коалиција.
- 30 јуни - Мендух Тачи е избран за водач на Демократската партија на Албанците.
- 7 јули - Во девет градови ширум светот се одржуваат концерти за подигнување на свеста за климатските промени насловени Live Earth.
- 14 јули - Русија се повлекува од Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа.
- 24 јули – Бугарските болничарки и палестинскиот лекар обвинети дека заразиле со ХИВ деца во Либија се ослободени од затвор.
- 16 октомври-Загина нашиот пејач Тоше Проески во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години.
- 3 ноември - Первез Мушараф прогласува вонредна состојба во Пакистан.
- 17 ноември - Се одржуваат парламентарни избори во Косово.
- 2 декември – На парламентарните избори во Русија победува про-путиновската Единствена Русија, освојувајќи 64% од гласовите.
- 10 декември – Преговорите под закрила на Обединетите Нации помеѓу српската и косовската делегација завршуваат без изнаоѓање компромис.
- 13 декември – Европските водачи го потпишуваат Лисабонскиот договор.
- 15 декември – Первез Мушараф ја укинува воената состојба во Пакистан.
- 21 декември – Естонија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Словачка, Словенија, Унгарија и Чешка се приклучуваат кон Шенгенската зона.
- 27 декември – Во Равалпинди е извршен атентат врз поранешниот премиер на Пакистан и опозициски водач, Беназир Буто.
- 27 декември – Во Кенија се одржуваат претседателски и парламентарни избори. По објавувањето на резултатите доаѓа до насилства при кои загинуваат повеќе лица.
Родени
[уреди | уреди извор]Починале
[уреди | уреди извор]- 8 јануари - Ен Никол Смит, американска глумица
- 30 јануари - Синди Шелдон, американски писател
- 5 март – Иван Супек, хрватски физичар, филозоф и писател
- 6 март - Жан Бодријар, француски филозоф
- 11 април - Курт Вонегат, американски писател
- 22 април - Томе Арсовски, македонски писател
- 23 април - Борис Елцин, руски претседател
- 29 април - Ивица Рачан, хрватски премиер
- 6 мај - Ѓорѓе Новковиќ, хрватски композитор
- 14 јуни - Курт Валтхајм, австриски политичар и дипломат
- 17 јуни - Џанфранко Фере, италијански дизајнер
- 30 јули - Микеланџело Антониони, италијански режисер
- 30 јули - Ингмар Бергман, шведски режисер
- 7 август - Ернесто Алонсо, мексикански продуцент
- 6 септември - Лучано Павароти, италијански тенор
- 21 септември - Петар Стамболиќ, српски политичар
- 6 октомври – Лаза Ристовски, југословенски музичар
- 11 октомври - Шри Чинмој, индиски духовник
- 16 октомври - Тоше Проески, македонски пејач
- 3 ноември - Александар Дедјушко
- 20 ноември – Јан Смит, родезиски премиер
- 27 декември – Беназир Буто, пакистански премиер
Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- 2007 на Ризницата ?
- Календарот за таа година