Соаве (слатко вино)
Соаве е суво бело италијанско вино од регионот на Венето кој се наоѓа во североисточна Италија, главно во близина на градот Верона.
Историја
уредиСоаве и Чианти биле првите зони во Италија (1931 година) кои биле признати со Кралската одлука дека имаат потенцијал за производство на деликатни вина. Овој документ ги поставил границите на производните зони кои, во случајот на соаве, се совпаѓаат со оние утврдени според сегашните прописи за производство за соаве класично вино. Зоната Соаве не е особено голем вински регион, но сепак, произведува многу значителни количества на вино.
Вински регион
уредиПроизводната зона Соаве се наоѓа во источниот дел на ридовите во провинцијата на Верона (северно од автопатот Серенисима, помеѓу 18 и 25 километри од патот Верона-Венеција). Зоната зафаќа дел од земјиштата кои припаѓаат на општините Соаве, Монтефорте д'Алпоне, Сан Мартино Буон Алберго, Лавањо, Мецане, Калдиеро, Келоњола, Иласи, Казано, Ронка, Монтекија и Сан Џовани Иларионе.
Климата во регионот Соаве е под влијание на долината По, каде на есен се појавува магла, што може да донесе опасност од мувла и други болести на грозјето. Грозјето Гарганега, што е главна одлика на Соаве, е сорта со доцно зреење и густа кора, што може да ја издржи маглата подобро од некои други сорти.[1]
Класико
уредиУпотребата на спецификацијата „Класико“ со ознака „Соаве“ се користи за производ направен од грозјето собрано од лозјата на ридот околу општините Соаве и Монтефорте д'Алпоне.
Во овој регион, почвите на лозјето се значително помалку плодни од алувијалните почви во рамнините. Во западниот дел од класичната зона во близина на Соаве, почвите содржат големо количество на варовник кој ја задржува топлината на попладневното сонце. Во лозјата од источниот дел, почвата се состои од распаднати вулкански карпи, каде се добиваат „покорисни“ вина.[1]
Во Соаве се произведува само бело вино, а најмалку 70% мора да биде грозје Гарганега.
Производство
уредиВо средината на 1990-тите слаткото вино Соаве се произведувало на приближно 6 милиони кутии годишно[2], а 80% од тие биле произведени од локалната задруга во регионот, и се продавале на големо на увозниците кои го пуштаале виното под приватни етикети.
Во својата историја, сувото слатко вино многу пати се споредувало со шардоне. На почетокот на 21 век, производствените трендови се насочувале кон бело суво и слатко вино (Соаве) што подобро го истакнува својот карактер и карактерот на грозјето Гарганега.[3]
Мајсторот на виното Мери Јуинг-Малиган го опишал виното соаве како вино со светло тело, со сламена боја, кое има многу свежи, овошни ноти.[2]
Во 2009 година, задругата Кантина ди Соаве со приближно 2.200 членови, генерирала 48% од вкупното производство на Соаве. Во текот на изминатата деценија, многу одгледувачи почнале да го флашираат сопственото вино, што дополнително ја поттикнало промената кон повисоки стандарди.[4]
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 J. Robinson (ed) "The Oxford Companion to Wine" Third Edition pg 634 Oxford University Press 2006 ISBN 0-19-860990-6
- ↑ 2,0 2,1 M. Ewing-Mulligan & E. McCarthy Italian Wines for Dummies pg 119-126 Hungry Minds 2001 ISBN 0-7645-5355-0
- ↑ P. Saunders Wine Label Language pp. 182 Firefly Books 2004 ISBN 1-55297-720-X
- ↑ O'Keefe, Kerin (July 2009). „Soave's quiet revolution“. Decanter.