Перл (програмски јазик)

Perl — динамички програмски јазик за општа намена. Негов творец е Лари Вал кој го создаде во 1987 година и неговата оригинална намена беше да ја направи обработката на извештаите полесно. Од тогаш има претерпено многу промени и ревизии и стана многу популарен помеѓу програмерите. Перл има преземено некои елементи од другите јазици како Ц и др. Перл овозможува лесна и едноставна манипулација со текстуални податотеки. Се користи и во графичкото програмирање, адмнистрација на системот, мрежно програмирање, апликации кои бараат пристап до дата на податоци и CGI програмирање на веб.

Перл беше прво именуван „Бисер“ но бидејќи имаше ваков јазик тој го смена спелингот и го нарече Перл. Перл е слободен софтвер и е достапен за повеќето оперативни ситеми а за Mac OS Classic е потребен специјален порт таканаречен MacPerl.

Структура на јазикот

уреди

Во Перл минималната програма Hello world може да се напише:

print "Hello, world!\n"

Додека во канонична форма е многу поопширна и изгледа вака:

#!/usr/bin/perl
print "Hello, world!\n";

Верзијата на Перл 5.10 ни претставува таканаречена say функција која индиректно додава нов карактер кон излезот правејќи ја минималната "Hello world" програма уште помала:

say 'Hello, world!'

Видови на податоци

уреди

Најкористени и најмногу дискутирани се: Скалари, низи, hashes, filehandles, и subroutines:

  • Скалар е единечна вредност; може да биде и број, стринг или референца.
  • Низа е организирана колекција од скалари.
  • Hash, или асоцијативна низа е карта од стрингови до скалари; стринговите се наречени „клучеви“ а скаларите се наречени „ Вредности“.
  • File handle е карта до податотека, уред или pipe кое отворено за читање или пишување или пак и двете.
  • Subroutine е дел од код кој може да биде изминат аргумент, да биде извршен или да ги врати податоците.

Синтакса

уреди
Модификатори
уреди

Регуларните изрази во Перл може да имаат модификатори. Ова се единични изрази кои можат да го модификуваат значењето на изразот:

$x =~ /abc/i; # case-insensitive pattern match
$x =~ s/abc/aBc/g; # global search and replace

Бидејќи компактната синтакса на регуларни изрази може да ги направи збиени и тајни, /xмодификаторот беше додаден во Перл за да им помогне на програмерите да пишуваат повеќе читливи регуларни изрази. Им овозможува на програмерите да сместуваат whitespace и коментари во регуларниот израз:

$x =~ /
 a   # match 'a'
 .   # followed by any character
 c   # then followed by the 'c'character
 /x;

Дополнителни врски

уреди